Барате нешто брзо, вкусно, здраво а истовремено и практично за појадок? Новите Виталиа овесни каши се подготвуваат за 2 минути со малку млеко, вода или јогурт и многу уживање.
Збогатени со Б витамини, Виталиа овесните каши го снабдуваат организмот со потребните хранливи материи за успешно функционирање на метаболитичките процеси и мозочната функција.
Брусница, киноа и овесни снегулки е составот на новата Виталиа овесна каша, готова за 2 минути. Инстант овесна каша со нов неодолив вкус од брусница која во себе има грст здравствени придобивки.
Нутритивни придобивки:
- Посно/Веган
- Збогатена со 8 Б витамини
- 73% овесни снегулки од цело зрно
- Содржи суперхрана киноа
- Извор на растителни влакна
- Мало количество заситени масти
Внимателно одбрани состојки:
Овесот е житарка со извонредни карактеристи и содржи низа нутриенти кои се значајни за растењето, формирањето и заштитата на човечкиот организам. Интегралните овесни снегулки се богати со протеини, витамини (од Б групата, витамин К,Е, Д и провитамин А), минерали (калциум, фосфор, калиум, железо, бакар, цинк, манган, натриум) и есенцијални амино киселни кои го поттикнуваат создавањето на црвените крвни зрнца. За овесот може да се каже дека е зрно на здравјето и затоа треба да биде дел од вашето секојдневно мени.
Брусницата изобилува со растителни влакна кои ја помагаат работата на дигестивниот тракт. Како добар извор на витамин Ц кој ја поддржува работата на имуниот систем претставуваат природна храна за заштита од болести на организмот. Содржината на калциум го поддржува здравјето на забите и коските. Природниот извор на антиоксиданти се поврзува со намалена опасност од уринарни инфекции, желудочни потешкотии.
Киноата е зрнеста храна со многу висок % протеини во својот состав. Оваа суперхрана ги содржи двете есенцијални киселини: лизин и изолевицин, кои телото не може да ги создаде и има потреба од внес на киноа во исхраната. Таа е комплетен протеински извор од растително потекло, благодарение на лизинот- важна аминокиселина за одржување на имунитет, изградба на мускулно ткиво а во одредени случаеви дури и смирувачко дејство.
Препорачани дневни количини: Овесната каша со брусница и киноа представува балансиран оброк со кој може да се започне секое утро.
Начин на подготовка: Потопете ја овесната каша во млеко, јогурт или растително млеко(бадем, кокос, соја, ориз), промешајте и уживајте. За љубителите на топол кремаст оброк препорачуваме да потопите со топло млеко, промешате и почекате неколку минути да се олади.
