Oвесна каша со Малина

tasty, healthy, energyboost, minerals, B vitamins, healthy living,

Замисли си здрава овесна каша со богат вкус на малина за само 2 минути? Имај со тебе две минутно слатко и здраво инстант задоволство, без разлика дали си дома, на работа, во друштво. Само одбери овесна каша Виталиа и уживај во балансираниот микс од меки овесни снегулки и малина, засладена со фруктоза.

Кол

Share

Facebook

Барате нешто брзо, вкусно, здраво а истовремено и практично за појадок? Новите Виталиа овесни каши се подготвуваат за 2 минути со малку млеко, вода или јогурт и многу уживање. Збогатени со Б витамини, Виталиа овесните каши го снабдуваат организмот со потребните хранливи материи за успешно функционирање на метаболитичките процеси и мозочната функција.

Ако го обожавате слатко киселиот вкус на малината, вашиот избор за здрав појадок нека биде Виталиа овесна каша со малина.
Овесот е житарка со извонредни карактеристики и содржи низа нутриенти кои се значајни за растењето, формирањето и заштитата на човечкиот организам. Интегралните овесни снегулки се богати со протеини, витамини (од Б групата, витамин К,Е, Д и провитамин А), минерали (калциум, фосфор, калиум, железо, бакар, цинк, манган, натриум) и есенцијални амино киселни кои го поттикнуваат создавањето на црвените крвни зрнца. За овесот може да се каже дека е зрно на здравјето и затоа треба да биде дел од вашето секојдневно мени. Претставува најбогат природен извор на растителни влакна, растворливи и нерастворливи, кои влијаат на подобрување на функцијата на дигестивниот тракт и постигнување здрава телесна тежина. Овесот исто така е значаен бидејќи влијае на лачењето на серoтонинот – “хормонот на среќата”. Ја подобрува концентрацијата, работната способност и влијае на позитивното расположение.

Малината го дава извонредниот вкус на oвесната каша со малина. Богата е со витамин Ц, минерали (манган, магнезиум, железо) и е богат избор на растителни влакна.
Хранлив и здрав оброк за сите кои се хранат здраво и практикуваат здрав начин на живот. Погодни се за дијабетичари и лактоза интолератни лица, во претходна консултација со доктор. Погодни за вегетаријанци и вегани.
Лесна и брза подготовка: Целото пакување (55г) потопете го во 120 мл. млеко или јогурт, и оставете ги да отстојат 2 мин.

Состав:

овесни снегулки 72%, замена за шеќер: фруктоза 17%, пченкарен скроб, сушена малина 1%, средство за желирање: пектин, регулатор на кисeлост: лимонска киселина, витамини (тиамин, рибофлавин, Б6, Б12, фолна киселина, пантотенска киселина, ниацин, биотин), готварска сол, арома.

Алергени:

Производот содржи глутен, може да содржи траги од јаткасто овошје, соја и сусам.

Нутритивна вредностper 100g
Енергија1555kJ/372kcal
Масти 4,4 g
од кои заситени 0,9 g
Јаглехидрати67.9 g
од кои шеќери4.5 g
Влакна5.0 g
Протеини13.5 g
Сол0.4 g
Витамин Б1 (тиамин мононитрат)0.72mg
Витамин Б20.91mg
Витамин Б38.80mg
Витамин Б60.84mg
Витамин Б121.63µg
Пантотенска киселина5.7mg
Фолна киселина220 µg
Биотин27.5 µg
13.5g

"ПРОТЕИНИ"


4.5g

"ШЕЌЕРИ"


5g

"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"


Овесни снегулки

Овесни снегулки се нутритивни, разновидни компоненти на овесни каши и мусли. Тие содржат протеини, растителни влакна, витамини и други нутритиенти кои промовираат добра дигестија и оптимално здравје.

Малина

Има свеж вкус, хармоничен баланс од слатко и горчливо. Богат извор на антиоксидантни, влакна и витамин Ц, кој го промовира формирањето на колагенот.

Витамини

Витамините се состојки специјално додадени да стимулираат правилен раст и развој на организмот.