Овесни крекери со 7 семиња

healthy, nutritious, snack, omega3, seeds, wholegrain, zeroflour,

Барате совршено крцкава закуска? Формулиравме нов вкус на нашите добро познати овесни крекери-со мешавина од 7 семиња.

Кол

Share

Facebook

Барате совршено крцкава закуска? Формулиравме нов вкус на нашите добро познати овесни крекери-со мешавина од 7 семиња.

Седумте семиња, присутни дури 31% - лен, тиква, чиа, сончоглед, сусам, црно семе и ким се богати со омега-3 масни киселини кои помагаат во регулирање на крвниот притисок, холестерол и го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести.
Со 35% овесни снегулки, крекерите се богати со диетални влакна кои го подобруваат варењето и ја намалуваат подуеноста и гасови.

  • Богати со растителни влакна
  • Веган
  • 0% брашно
  • Извор на протеини
  • Со хималајска сол


Состав:

овесни снегулки 35%, семиња 31% (лен, тиква, сончоглед, сусам, чиа, црно семе), растително масло (канола), гликозен сируп, екструдиран ориз, протеин од грашок, хималајска сол, компиров скроб, киноа снегулки, црн ким.

Алергени:

Производот содржи глутен и сусам. Може да содржи трагови од соја, јаткасти плодови и кикирики.

Нутритивна вредност100g
Енергија2066КЈ/494kcal
Масти21.9 g
од кои заситени5.8 g
Јаглехидрати48.7 g
од кои шеќери1.1 g
Влакна10.4 g
Протеини14.9 g
Сол2.2 g
14.9g

"ПРОТЕИНИ"


10.4g

"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"


1.1g

"ШЕЌЕРИ"


Овесни снегулки

Овесни снегулки се нутритивни, разновидни компоненти на овесни каши и мусли. Тие содржат протеини, растителни влакна, витамини и други нутритиенти кои промовираат добра дигестија и оптимално здравје.

Киноа снегулки

Секое зрно киноа се пресира за да се формираат снегулки. Тоа значи дека снегулките ги имаат истите високонутритивни карактеристики на киноата: без глутен, есенцијални аминокиселини и полни со растителни влакна.

Семки од тиква

Семките од тиква се идеален додаток на секој оброк, посебно се богати до цинк и манган, кои одржуваат оптимално здравје, помагаат во заздравување на рани и подобруваат когнитивни функции

Семки од сончоглед

Семките од сончоглед се богат извор на протеин, растителни влакна, Б витамини и Е витамин. Исто така содржи фитостероли кои можат да придонесат кон ниски нивоа на холестерол.

Ленено семе

Лененото семе содржи високо ниво на протеин, растителни влакна, неколку Б витамини и минерали. Претставува одличен додаток во салата, мусли и барови нудејќи омега-3 масни киселини.

Сусам

Сусамот додава јаткаст вкус и деликатна, скоро невидлива крцкавост на многу производи. Тоа е исто така главна состојка во таанот. Одличен извор на бакар, манган и цинк.

Протеин од грашок

Протеинот од грашок се добива со екстракција на протеинот од зрната. Одличен избор е за секој режим, бидејќи е веган и хипоалерген. Може да помогне во синтеза на мускулна маса, редукција на килограмите и срцеви заболувања.

Хималајска сол

Хималајската сол е природна алтернатива на готварската сол. Составот е натриум хлорид, но ги содржи и минералите калциум, калиум, магнезиум и железо кои носат здравствени бенефиции кон организмот.