Виталиа јаворовиот сируп класа А, темно робустен вкус е 100% природен производ со врвен квалитет. Се карактеризира со темна боја која е знак за богата содржина на минерали (калциум, железо, магнезиум, натриум) и витамини (Б1, Б2, Б6, Ц). Виталиа јаворовиот сируп можете да го користите како здрава замена за шеќер во напивки и разни видови слатки.
Здравствените придобивки од минералниот и витаминскиот состав:
- Манган (помага во производството на енергија)
- Цинк (го зајакнува имунитетот)
- Калциум (одличен за зајакнување на коските и забите)
- Рибофлавин (помага во метаболичките процеси)
- Магнезиум (поврзан со намален ризик од срцеви заболувања)
- Калиум (помага да се одржи нормален крвен притисок)
Дополнително содржи и органски киселини, аминокиселини, фенолни состојки.
Неодамнешните студии покажаа дека фенолните состојки во јаворовиот сируп може да поседуваат различни активности како што се намалување на нивото на гликоза во крвта и ефект против канцерогени заболувања. Ефектот се должи на забавување на растот на канцерогени клетки и намалување на негативните ефекти од хемотерапија.
Но исто така Јаворовиот сируп е основната состојка во познатата лимонова диета.
Диетата со Јаворов сируп можете да ја примените 3-4 пати во годината. Таа ќе Ви помогне и во подобрување на квалитетот на кожата и косата, работата на дигестивниот систем но и во подобрување на психофизичката состојба. По примената на оваа диета ќе се чувствувате многу полесно, со повеќе енергија и животна сила.
Диетата со јаворов сируп е идеална за намалување на телесната тежина но и за прочистување на организмот. Со нејзино применување можете да ослабите од 5 до 10 килограми и тоа за само 10 дена. Тоа се должи на активното намалување на масните наслаги и токсините од телото и нивно ефикасно елиминирање.
Подготовка:
- 2 лажици јаворов сируп
- 2 лажици лимонов сок
- 1/4 лажичка Виталиа ѓумбир во прав
- 300мл вода
Сите состојки се мешаат за да се добие хомогена течност. За да ги постигнете посакуваните резултати треба да конзумирате 6 до 12 чаши (2 до 4 литри) од овој напиток дневно.
