Take Away Тропикал мусли

tasty, nutritious, exotic, vitamins, childrenfriendly, healthybreakfast,

Ние знаеме дека утрата ви се динамични, а денот ви е исполнет со голем број обврски. Истовремено истражувањата покажуваат дека се повеќе се зголемува свесноста за здрави прехранбени навики, а бројот на лица кои размислуваат во насока на менаџирање на внесот на балансирани хранливи материи постојано расте.

Кол

Share

Facebook

Ние знаеме дека утрата ви се динамични, а денот ви е исполнет со голем број обврски. Истовремено истражувањата покажуваат дека се повеќе се зголемува свесноста за здрави прехранбени навики, а бројот на лица кои размислуваат во насока на менаџирање на внесот на балансирани хранливи материи постојано расте.

Токму во таа насока Виталиа ја разви новата линија на наменски здрави продукти со богат нутритивен профил која го следи трендот и потребите на модерниот човек.
Таке Away Тропикал мусли претставуваат оригинална мешавина на жита (овесни, р’жени и пченични), 35% егзотично тропско овошје: ананас, папаја, манго, урма, банана, кокос и суво грозје кои ви даваат тропска топлина секое ваше утро и 5% семки од лен и сончоглед.За нашите потрошувачи го одбравме најквалитетното тропско овошје од еколошките предели на Тајван кој го надополнуваат оброкот со природни витамини и минерали.

Таке Away Тропикал муслите се лесен и брз оброк, немаат додаток на шеќер и се погодни за диети и постење. Содржат големо количество на диетални влакна со што благопријатно делуваат на метаболизмот. Take away Тропикал муслите се посен производ.

Лесни и едноставни за подготовка само додадете 150 мл млеко или јогурт, промешајте и Вашите омилени Виталиа мусли се спремни да ги консумирате. Take away житните оброци на Виталиа се комплетен сет кој се состои од: Специјално дизајнирана пластична чаша со поклопец + Оброк од Виталиа мусли + Лажичка на прекршување (за промешување и консумирање).

Состав:

Житарици ( Овесни, ржани, пченкарни снегулки( пченкарен гриз, сол, екстракт со јачменов слад, емулгатор: соја лецитин)), сушено овошје (ананас, папаја, суво грозје, банана, кокос, урма, манго), семиња (сончоглед, лен).

Алергени:
Производот содржи глутен и соја. Може да содржи траги од јаткасти плодови и сусам .

Нутритивна вредност100g
Енергија1570.8kJ/374kcal
Масти9.5g
од кои заситени3.3g
Јаглехидрати63g
од кои шеќери18.9g
Влакна8.1g
Протеини9g
Сол0.5g
9g

"ПРОТЕИНИ"


8.1g

"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"


3.3g

"ЗАСИТЕНИ МАСТИ"


Овесни снегулки

Овесни снегулки се нутритивни, разновидни компоненти на овесни каши и мусли. Тие содржат протеини, растителни влакна, витамини и други нутритиенти кои промовираат добра дигестија и оптимално здравје.

Кокос

Кокосот доаѓа од тропските региони каде што е користен за месестиот дел и кокосовата вода. Богат е со лаурична киселина и содржи растителни влакна и минерали, особено калиум.

Ананас

Ананасот е високонутритивно тропско овошје, особено со витамин Ц и манган. Тој содржи бромелаин, мешавина од протеолитички ензими, која има посебна корист за здравјето на луѓето.

Банана

Бананите (без кора) се 75% вода, 23% јаглени хидрати, 1% протеин. 100 грама содржат 89 калории, 31% од препорачаните вредности на витамин Б6 и умерени количества на витамин Ц, манган, калиум и диетални влакна.

Суво грозје

Сувото грозје е сушено грозје богато со фруктоза и глукоза. Содржи антиоксиданти и танини, со ниско ниво на натриум и без холестерол.

’Ржани снегулки

Ржаните снегулки се пресиран рж, кој е житарица слична на пченицата. Содржи голема количина на растителни влакна, минерали -манган, фосфор, бакар и пантотенска киселина, сите неопходни за нормална телесна функција.

Манго

Мангото е тропско овошје богато со фитонутритиенти-каротеноиди, полифеноли и ксантоиди. Овие соединенија се корисни за функцијата на очите, нега на кожата и регулација на крвниот притисок.

Папаја

Папаја е егзотично овошје посебно богато со витамин Ц, фолна киселина и витамин А. Пулпата содржи различни фитохемикалии, вклучувајќи каротеноиди и полифеноли.

Пченка

Пченката е една од најпопуларните житарици во светот. Се состои од јаглехидрати, растителни влакна и протеин. Претставува одличен извор на манган, фосфор, магнезиум, цинк и бакар.

Семки од сончоглед

Семките од сончоглед се богат извор на протеин, растителни влакна, Б витамини и Е витамин. Исто така содржи фитостероли кои можат да придонесат кон ниски нивоа на холестерол.

Ленено семе

Лененото семе содржи високо ниво на протеин, растителни влакна, неколку Б витамини и минерали. Претставува одличен додаток во салата, мусли и барови нудејќи омега-3 масни киселини.