Сончогледот содржи целулозни влакна, големо количество на витамин А, витамини од Б групата и витамин Е (50мг./100гр.) кој е добар антиоксиданс.
Од минерали содржат: калциум, фосфор, магнезиум, натриум, калиум и железо. Во својот состав содржат: 64% полинезаситени масни киселини како што е линолната киселина (омега 6), кои се потребни за раст и обнова на клетките, заштита на организмот од холестерол со намалување и одстранување од артериите; 24% мононезаситени масни киселини кои помагаат да се зголеми добриот ХДЛ холестерол а да се намали лошиот ЛДЛ во крвта; 12% заситени масни киселини кои служат како извор на енергија.
Семето прелиено со вода се користи за подобрување на работата на бубрезите и ублажување на воспаленијата на мочните канали. Исто така овие семки се корисни и против кашлица и главоболка. Заедно со производите од соја можат да ги задоволат дневните потреби за протеини кај вегетаријанците.
Употреба: сирови или сомелени сончогледовите семки на Виталиа можете да ги користите за појадок во оброк од житни снегулки или мусли. Додадете ги во билни зачини и употребете ги како прелив за пица и печени јадења. Целите семки можете да ги додадете како декорација во печивата
Сончогледово семе
healthy, nutritious, snack, fibers, omega3,Сончогледот содржи целулозни влакна, големо количество на витамин А, витамини од Б групата и витамин Е (50мг./100гр.) кој е добар антиоксиданс.
Состав:
Сончогледово семе
Алергени:
Може да да содржи траги од глутен, јаткасти плодови, соја и сусам.
| Нутритивна вредност | 100g |
|---|---|
| Енергија | 2427kJ/578kcal |
| Масти | 52.7 g |
| од кои заситени | 4 g |
| Мононезаситени масни киселини | 17 g |
| Полинезаситени масни киселини | 20.9 g |
| Јаглехидрати | 5 g |
| од кои шеќери | 0 g |
| Влакна | 3 g |
| Протеини | 20.7 g |
| Сол | 0.4 g |
"НЕЗАСИТЕНИ МАСНИ КИСЕЛИНИ"
"ШЕЌЕР"
"ПРОТЕИНИ"
Семки од сончоглед
Семките од сончоглед се богат извор на протеин, растителни влакна, Б витамини и Е витамин. Исто така содржи фитостероли кои можат да придонесат кон ниски нивоа на холестерол.
