Претставува мешавина од естри на глицерол со олеинска и линоленска киселина (омега 6 масни киселини) неопходни за раст и обнова на клетките, посебно за лица во периодот на раст.
Благодарение на високата содржина на витамин Е - природен антиоксиданс, сусамовото масло се користи за лекување на рани, против опстипација, против вишок на киселини во стомакот. Витаминот Е делува антиканцерогено, забавувајќи го процесот на стареење. Со втривање на сусамовото масло во кожата на главата, можете да го намалите и прекинете опаѓањето на косата. Маслото од сусам го спречува растот на малигниот меланом (рак на кожата) и размножувањето на малигни клетки кај рак на дебело црево.
Употреба: Сусамовото масло може да се консумира 1-3 супени лажици на ден самостојно или додадено во салати, сосови, варива со што ќе го подобрите квалитетот на храната заштитувајќи се на природен начин од покачени маснотии и холестерол. На тој начин истовремено го намалувате ризикот од артериосклероза и покачен крвен притисок.
Нерафинирано масло од сусам
healthy, omega3, fats, vitaminE, omega6, dressing,Претставува мешавина од естри на глицерол со олеинска и линоленска киселина (омега 6 масни киселини) неопходни за раст и обнова на клетките, посебно за лица во периодот на раст.
Состав:
масло од сусам
Алергени:
Не содржи никакви траги од алергени.
| Нутритивна вредност | 14 g |
|---|---|
| Енергија | 126Kcal/530kJ |
| Масти | 14g |
| од кои заситени | 2g |
| Мононезаситени масни киселини | 5.5g |
| Полинезаситени масни киселини | 5.8g |
"ЗАСИТЕНИ МАСТИ"
"МОНОНЕЗАСИТЕНИ МАСНИ КИСЕЛИНИ"
"ПОЛИНЕЗАСИТЕНИ МАСНИ КИСЕЛИНИ"
Сусам
Сусамот додава јаткаст вкус и деликатна, скоро невидлива крцкавост на многу производи. Тоа е исто така главна состојка во таанот. Одличен извор на бакар, манган и цинк.
