Raw bar плочката со урма, орев и јагода е уникатен микс од 100% сирови состојки со неодолив вкус и арома обезбедувајќи балансиран нутритивен состав.
Поради минималниот технолошки процес на преработка, сите состојки ги содржат нивните специфични нутритиенти и ензими.
Секоја состојка е посебно одбрана со цел да се добие одличен вкус, но и балансирана нутритивна вредност.
Урмата се смета за едно од најздравите овошја во светот, не само поради слаткиот вкус, туку поради и изобилството на нутритиенти. Урмата е посебно богата со железо, 100г урми содржат 90мг на железо, што е 11% од дневните препорачани вредности. Урмата е исто така богата со витамин Б6 што влијае позитивно врз расположението и лачењето на серотонин.
Оревот е одличен извор на омега-3 масни киселини, железо, селен, калциум, цинк како и витамините Е и Б. Оревот содржи специфични фитохемикалии кои имаат позитивно влијание врз функцијата на мозокот.
Да не ја заборавиме и суперхраната киноа, која е одличен извор на протеини и растителни влакна, кои го зајакнуваат имунитетот и помагаат во регулација на холестеролот и крвниот притисок.
Овие состојки се надополнети со единствената арома на јагода, која освен што го прави барот вкусен, нуди антиоксиданти за здрав организам.
Raw bar е идеална ужинка за сите возрасни групи, како и лица со посебен режим на исхрана. Уживајте во богатиот вкус на сировите состојки за здраво и исполнето секојдневие.
Погодни за вегани и лица интолерантни на глутен. Без додаден шеќер!
RAW BAR со урма, орев, јагода и киноа
tasty, nutritious, thesmartchoice, healthysnack, raw4love, plant-based,Raw bar плочката со урма, орев и јагода е уникатен микс од 100% сирови состојки со неодолив вкус и арома обезбедувајќи балансиран нутритивен состав.
Состав:
урма, орев, овесни снегулки, киноа снегулки, јагода.
Алергени:
Содржи орев. Може да содржи траги од други јаткасти плодови.
| Нутритивна вредност | 100 g |
|---|---|
| Енергија | 422kcal/1770kJ |
| Масти | 13.5g |
| од кои заситени | 1.2g |
| Јаглехидрати | 65g |
| од кои шеќери | 43g |
| Влакна | 5.4g |
| Протеини | 7.3g |
| Сол | 0.45g |
| Глутен | 20 ppm/kg |
"ПРОТЕИНИ"
"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"
"МАСТИ"
Овесни снегулки
Овесни снегулки се нутритивни, разновидни компоненти на овесни каши и мусли. Тие содржат протеини, растителни влакна, витамини и други нутритиенти кои промовираат добра дигестија и оптимално здравје.
Јагода
Јагодите се широко ценето овошје заради карактеристичната арома, светло црвената боја, сочната текстура и сладост. Тие се одличен извор на витамин Ц, манган и важни фитохемикалии.
Урми
Урмите имаат одличен нутритивен профил. Тие се богати со растителни влакна и се одличен извор на витамин Б6, калиум, магнезиум, бакар, манган, железо. Овие нутритиенти помагаат во превенцијата на анемија.
Ореви
Оревите се особено богати со полинезаситени масни киселини кои го редуцираат ризикот од коронарна срцева болест. Тие се идеални за консумација наутро за зголемување на мозочната активност.
Киноа
Киноата, исто така наречена "мајка на сите зрна", ги содржи сите есенцијални аминокиселини и е одличен извор на манган и фосфор, како и диетални влакна, фолна киселина и диетални минерали. Природно без глутен.
