RAW BAR со урма, смоква и индиски орев

tasty, nutritious, thesmartchoice, healthysnack, raw4love, plant-based,

Овој Raw bar претставува вкусен микс од уникатни 100% сирови состојки, со минимално процесирање, при што сите нивни нутритиенти ја задржуваат нивната оригинална нутритивна вредност.

Кол

Share

Facebook

Овој Raw bar претставува вкусен микс од уникатни 100% сирови состојки, со минимално процесирање, при што сите нивни нутритиенти ја задржуваат нивната оригинална нутритивна вредност. Урмата се смета за едно од најздравите овошја во светот, не само поради слаткиот вкус, туку поради и изобилството на нутритиенти. Урмата е посебно богата со железо, 100г урми содржат 90мг на железо, што е 11% од дневните препорачани вредности. Урмата е исто така богата со витамин Б6 што влијае позитивно врз расположението и лачењето на серотонин. Смоквата со својот сладок вкус, содржи големо количество на растителни влакна, калиум, калциум, фосфор. Овие минерали се посебно корисни за зацврстување на коските, да се спречи загубата на калциум како и за превенција против респираторни заболувања. Индискиот орев е уникатна намирница коjа е препознатлива по придобивките за срцето и крвните садови. Индискиот орев е богат со бакар, кој помага во елиминација на слободните радикали од телото и со тоа во намалување на ризикот од анемија. Што е посебно за индискиот орев е неговата содржина на биоактивната компонента ( пигмент) зеаксантин која е директно апсорбирана од ретината во окото и помага во одржување на здрави очи при процесот на стареење. Пробајте ги Raw bars за секојдневно здраво и вкусно уживање во секој момент од денот. Останете енергични и подготвени за сите предизвици со овој високонутритивен оброк! Погодни за вегани и лица интолерантни на глутен. Без додаден шеќер!

Состав:

урма, сува смоква,индиски орев, амарант снегулки, овесни снегулки.

Алергени:

Производот содржи индиски орев. Може да содржи траги од други јаткасти плодови.

Нутритивна вредност100 g
Енергија392.3kcal/1649kJ
Масти7.7g
од кои заситени1.5g
Јаглехидрати73g
од кои шеќери47g
Влакна6.7g
Протеини4.5g
Сол0.5g
Глутен20 ppm/kg
4.5g

"ПРОТЕИНИ"


6.7g

"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"


7.7g

"МАСТИ"


Урми

Урмите имаат одличен нутритивен профил. Тие се богати со растителни влакна и се одличен извор на витамин Б6, калиум, магнезиум, бакар, манган, железо. Овие нутритиенти помагаат во превенцијата на анемија.

Амарант снегулки

Амарант снегулките се произведени од амарант зрно. Амарантот е богат со растителен протеин, железо, калциум и магнезиум и идеален и како дел од мусли, каша или супа.

Индиски орев

Индиските ореви имаат путерест, сладок и солен вкус со уникатен облик и одличен извор на витамини и минерали. Тука спаѓаат витамините Е, К и Б5 и минералите - бакар, фосфор, цинк, магнезиум и железо.

Dried figs

A great source of fiber and full of vitamins and minerals, dried figs are known for being a healthy and versatile fruit. Figs are high in natural sugars, potassium and calcium and soluble fibers.