RAW BAR со цитрусно овошје и морков

tasty, thesmartchoice, healthysnack, vitaminrich, raw4love, plant-based, veggies,

Фантастичен спој од слатко-кисели плодови за брзо будење на сите ваши сетила. Бран свежина испреплетена со земјестиот вкус на морковот. Минимална термичка обработка и 100% природни состојки!

Кол

Share

Facebook

Фантастичен спој од слатко-кисели плодови за брзо будење на сите ваши сетила. Бран свежина испреплетена со земјестиот вкус на морковот. Минимална термичка обработка и 100% природни состојки!

Цитрусното овошје е одличен извор на витамин Ц, нутритиент кој го зајакнува имуниот систем истовремено одржувајќи ја кожата еластична и сјајна.
Дополнително содржи витамини и минерали како Б витамини, калиум, фосфор, магнезиум и бакар кој учествуваат во метаболитичките функции и ги подобруваат истите.

Морковот е зеленчук кој изобилува со хранливи состојки како бета каротен кој го намалува ризикот од макуларна дегенерација на видот. Извор е и на витамин А и Ц, како и калиум и манган кои помагаат во регулација на холестеролот и глукозата во крвта.

Уживајте во уникатната комбинација на сировиот бар и нурнете се во морето на мултивитамински овошки.

  • ВЕГАН
  • Без глутен
  • Без додаден шеќер
  • Без грижа на совест
  • Без размислување

Состав:

урма, сушена кајсија, цитрусно овошје 11% ( портокал , лимон), овесни снегулки без глутен, сушено јаболко, сушен морков 7%.

Алергени:

Може да содржи трагови од јаткасто овошје.

Нутритивна вредност100 g
Енергија1323kJ/316kcal
Масти1 g
од кои заситени0,3 g
Јаглехидрати69,5 g
од кои шеќери40,0 g
Влакна6,2 g
Протеини4,2 g
Сол0,4 g
Глутен20 mg/kg
4.2g

"ПРОТЕИНИ"


6.2g

"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"


1g

"МАСТИ"


Овесни снегулки

Овесни снегулки се нутритивни, разновидни компоненти на овесни каши и мусли. Тие содржат протеини, растителни влакна, витамини и други нутритиенти кои промовираат добра дигестија и оптимално здравје.

Кајсија

Уживајте во сладоста на летото со вкусна сува кајсија. Ова овошје е богато во растителни влакна, антиоксидантни и калиум и може да се искористи како здрава ужинка или додаток во појадокот.

Јаболко

Јаболкото е слатко овошје што содржи изобилство на различни витамини и минерали. Има посебни нутритивни придобивки како додаток во мусли и барови, како и консумирано свежо како дел од ужината.

Урми

Урмите имаат одличен нутритивен профил. Тие се богати со растителни влакна и се одличен извор на витамин Б6, калиум, магнезиум, бакар, манган, железо. Овие нутритиенти помагаат во превенцијата на анемија.

Портокал

Како и другите цитрусни овошки, портокалот е одличен извор на витамин Ц, обезбедувајќи 64% од дневните препорачани вредности. Содржи разновидни фитохемикалии, вклучувајќи каротеноиди и флавоноиди.

Морков

Морковот е коренски зеленчук и добар извор на бета каротен, витамин К, калиум и антиоксиданти. Овие материи се поврзуваат со редукција на нивото на холестерол и подобрен вид.

Лимон

Лимоните се богат извор на витамин Ц и содржат хранливи материи како што се калиум, железо, калциум, витамин Б6 и тиамин. Тие се особено корисни против настинки, грип и за зајакнување на имунолошкиот систем.