Протеински бар со путер од кикирики и бело чоколадо

proteinrich, peanutbutter, whitechocolate,

Протеин барот со кикирики и бело чоколадо е идеален за најстраствените љубители на путер од кикирики надополнет со суптилниот вкус на белото чоколадо. Хармонија на задоволства за комплетно уживање во оброкот.

Кол

Share

Facebook

За спортски активните лица, но и за оние што уживаат во вкусна протеинска ужина создадовме протеински барови во три атрактивни вкусови со 35% протеин и високо количество на растителни влакна.
Протеините се од суштинско значење за растот и развојот на организмот. Тие се добар извор на енергија, помагаат во градење и одржување на мускулна маса и контрола на телесната тежина, затоа нашите протеински барови се идеален избор за секој животен стил.
Протеин барот со кикирики и бело чоколадо е идеален за најстраствените љубители на путер од кикирики надополнет со суптилниот вкус на белото чоколадо. Хармонија на задоволства за комплетно уживање во оброкот.
Практична ужина за современите и активни индивидуи кои се секогаш во брзање и on-the-go. 30g протеинскиот бар го одржува организмот сит и задоволен долг период од денот.

Состав:

соја екструдат, бело чоколадо со стевиа 25%(засладувачи: изомалт и стевиол гликозид, какао путер, млеко обрано во прав, емулгатор Е476, арома), соја снегулки, олигофруктозен сируп, јачменов слад, путер од кикирики 8%, канола масло, млеко обрано во прав, омекнувач:глицерол, сорбитол, готварска сол, боја карамел, арома. Чоколадото содржи мин. 30% суви материи на млеко.

Алергени:

производот содржи соја, глутен и млеко. Може да содржи траги од сусам, кикирики и јаткасти плодови.

Нутритивна вредност100 g/r
Енергија1933kJ /462kcal
Масти23 g
од кои заситени11.8 g
Јаглехидрати30.3 g
од кои шеќери15 g
Влакна6.2 g
Протеини35 g
Сол0.6g
35g

"ПРОТЕИНИ"


15g

"ШЕЌЕРИ"


6.2g

"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"


Јачменов слад

Јачменовиот слад е нерафиниран засладувач процесиран од екстракција од ртен јачмен, кој содржи 65%малтоза, 30% комплексни јаглехидрати и 3% протеин.

Бело чоколадо

Белото чоколадо е дериват од млечното чоколадо. Се состои од какао путер, шеќер и млеко и се карактеризира со бледо жолта боја.

Соја снегулки

Соја снегулките се подготвени од соја зрна со процесот на кршење, лупење, пресување, екстракција и тостирање. Тие се без холестерол, лесно варливи и нискомаслени. Ги содржат сите аминокиселини.

Млеко

Млекото е бела, високонутритивна течност која произлегува од млечните жлезди на цицачите. Богато е со калциум, комплетен протеин и други нутритиенти како Б витамини. Има висока биорасположивост.