Протеински бар со карамел и млечно чоколадо

darkchocolate, proteinrich, peanutbutter, caramel, milkchocolate,

Протеин барот со карамел и млечно чоколадо е совршена симбиоза на вкусови! Уживајте во уникатниот микс на кремасто млечно чоколадо и солената карамела, бидејќи некои спротивности навистина се привлекуваат!

Кол

Share

Facebook

За спортски активните лица, но и за оние што уживаат во вкусна протеинска ужина создадовме протеински барови во три атрактивни вкусови со 35% протеин и високо количество на растителни влакна.
Протеините се од суштинско значење за растот и развојот на организмот. Тие се добар извор на енергија, помагаат во градење и одржување на мускулна маса и контрола на телесната тежина, затоа нашите протеински барови се идеален избор за секој животен стил.
Протеин барот со карамел и млечно чоколадо е совршена симбиоза на вкусови! Уживајте во уникатниот микс на кремасто млечно чоколадо и солената карамела, бидејќи некои спротивности навистина се привлекуваат!
Практична ужина за современите и активни индивидуи кои се секогаш во брзање и on-the-go. 30g протеинскиот бар го одржува организмот сит и задоволен долг период од денот.

Состав:

Соја екструдат, млечно чоколадо со стевиа 25% (засладувачи: изомалт и стевиол гликозид, какао путер, какао маса, млеко обрано во прав, емулгатор Е476, арома), соја снегулки, олигофруктозен сируп, јачменов слад, путер од кикирики 8%, канола масло, млеко обрано во прав, омекнувач: глицерол, сорбитол, готварска сол, боја карамел, арома карамел. Чоколадото содржи мин. 25% суви материи на млеко.

Алергени:

производот содржи соја, глутен и млеко. Може да содржи траги од сусам, кикирики и јаткасти плодови.

Нутритивна вредност100 g/r
Енергија2033КЈ/486 kcal
Масти24.1 g
од кои заситени12.7 g
Јаглехидрати33.6 g
од кои шеќери14 g
Влакна6 g
Протеини35 g
Сол0.4 g
35g

"ПРОТЕИНИ"


14g

"ШЕЌЕРИ"


6g

"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"


Стевиа

Стевиа е екстракт од растението Stevia rebaudiana. Има ниска калорична вредност и е погодна за дијабетичари, со два пати поголема сладост од шеќерот

Јачменов слад

Јачменовиот слад е нерафиниран засладувач процесиран од екстракција од ртен јачмен, кој содржи 65%малтоза, 30% комплексни јаглехидрати и 3% протеин.

Соја снегулки

Соја снегулките се подготвени од соја зрна со процесот на кршење, лупење, пресување, екстракција и тостирање. Тие се без холестерол, лесно варливи и нискомаслени. Ги содржат сите аминокиселини.

Чоколадо

Чоколадото е десерт направен од какао зрна. Богат е со минерали, масти и јаглехидрати. Посебно е корисен бидејќи содржи полифеноли и ендорфини, кои го подобруваат расположението и го накачуваат серотонинот.

Млеко

Млекото е бела, високонутритивна течност која произлегува од млечните жлезди на цицачите. Богато е со калциум, комплетен протеин и други нутритиенти како Б витамини. Има висока биорасположивост.

Карамела

Карамелата е уникатна состојка дериват од термички обработен шеќер. Има слатко-горчлив вкус и е одличен додаток во десерти, овесни каши и печива.