Протеински бар со колачи и темно чоколадо

darkchocolate, proteinrich, cookies, cream,

Протеин барот со колачи и темно чоколадо е вкусна комбинација од крцкави колачиња со крем, надополнети со неодоливо темно чоколадо, вистински рецепт за комплетно задоволство.

Кол

Share

Facebook

За спортски активните лица, но и за оние што уживаат во вкусна протеинска ужина создадовме протеински барови во три атрактивни вкусови со 35% протеин и високо количество на растителни влакна.
Протеините се од суштинско значење за растот и развојот на организмот. Тие се добар извор на енергија, помагаат во градење и одржување на мускулна маса и контрола на телесната тежина, затоа нашите протеински барови се идеален избор за секој животен стил.
Протеинскиот бар со колачи и темно чоколадо е вкусна комбинација од крцкави колачиња со крем, надополнети со неодоливо темно чоколадо, вистински рецепт за комплетно задоволство.
Практична ужина за современите и активни индивидуи кои се секогаш во брзање и on-the-go. 30g протеинскиот бар го одржува организмот сит и задоволен долг период од денот.

Состав:

темно чоколадо со стевиа 25% (засладувачи: изомалт и стевиол гликозид, какао путер, какао маса, какао во прав, емулгатор Е476, арома), соја екструдат, соја снегулки, јачменов слад, олигофруктозен сируп, канола масло, млеко обрано во прав, колачи со какао 3% (пченично брашно, шеќер, средство за нараснување: натриум бикарбонат, канола масло, какао во прав), омекнувач: глицерол, сорбитол, готварска сол, арома крем. Чоколадото содржи мин. 50% какао делови

Алергени:

производот содржи соја, глутен и млеко. Може да содржи траги од сусам, кикирики и јаткасти плодови.

Нутритивна вредност100 g/r
Енергија1920kJ /459kcal
Масти19.7 g
од кои заситени9.5 g
Јаглехидрати36 g
од кои шеќери14 g
Влакна6 g
Протеини35 g
Сол0.5 g
35g

"ПРОТЕИНИ"


14g

"ШЕЌЕРИ"


6g

"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"


Темно чоколадо

Чоколадото е десерт направен од какао зрна. Богат е со минерали, масти и јаглехидрати. Посебно е корисен бидејќи содржи полифеноли и ендорфини, кои го подобруваат расположението и го зголемуваат серотонинот.

Стевиа

Стевиа е екстракт од растението Stevia rebaudiana. Има ниска калорична вредност и е погодна за дијабетичари, со два пати поголема сладост од шеќерот

Јачменов слад

Јачменовиот слад е нерафиниран засладувач процесиран од екстракција од ртен јачмен, кој содржи 65%малтоза, 30% комплексни јаглехидрати и 3% протеин.

Соја снегулки

Соја снегулките се подготвени од соја зрна со процесот на кршење, лупење, пресување, екстракција и тостирање. Тие се без холестерол, лесно варливи и нискомаслени. Ги содржат сите аминокиселини.