Ви падна нивото на енергија? Надополнете ја со само еден залак! Нашите нови барови од јаткасти плодови и овошје нудат 100% енергија и вредни нутриенти – комплексни јаглехидрати, растителни влакна, магнезиум, омега-3 масни киселини и комплетен протеин.
Печените кикирики сочинуваат дури 50% од составот во нашиот најнов протеински бар. А преостанатиот дел од овој извонредно вкусен бар се неодоливи парчиња темно чоколадо, протеин од соја, експандиран ориз и кокосови листови.
Кикириките се богати со витамин Б3, Б6 и магнезиум и кои како дел од вашата исхрана придонесуваат за намалување на уморот и заморот. Тие се исто така богати со мононезаситени масти, влакна, витамин Е, фосфор, калиум, бакар, манган и се извор на протеини, цинк и селен. Кикириките исто така содржат биоактивни хранливи материи корисни за васкуларната функција. Редовниот внес на кикирики има потенцијал да ја оптимизира циркулаторната функција во мозокот и да ја подобри когнитивната функција, според научните истражувања.
Темното чоколадо е ризница со хранливи материи кои можат позитивно да влијаат на вашето здравје. Направено од какао зрна, е еден од најдобрите извори на антиоксиданси, калиум, фосфор, цинк и селен. Какаото е богато и со биоактивни компоненти наречени флаваноли кои можат да помогнат во заштитата на срцето, релаксација на крвните садови и редукција на крвниот притисок.
Консумирајте ги нашите NUT BARS секогаш кога ви треба енергетско надополнување. Пред тренинг, помагаат за подготовка на организмот. За време на долготрајно вежбање, ја рекуперираат енергијата. On-the-go, за време на работа, или прошетка во природа...
Бар со кикирики и темно чоколадо
darkchocolate, purenuts, energyboost, healthyliving, peanuts, 100%energy, proteinpacked, simplydelicious,Печените кикирики сочинуваат дури 50% од составот во нашиот најнов протеински бар. За среќа, преостанатиот дел се неодоливи парчиња темно чоколадо, протеин од соја, експандиран ориз и кокосови листови.
Состав:
кикирики 50%, гликозен сируп, темно чоколадо 12% (шеќер, какао маса, какао путер, емулгаорт: соја лецитин, арома: ванила), соја протеин, кокос, екструдиран ориз (оризово брашно, пченично брашно, пченичен слад, шеќер, пченичен глутен, декстроза, сол), мед, омекнувач: глицерол, какао во прав, готварска сол. Чоколадото содржи мин. 44% какао делови.
Алергени:
Производот содржи глутен, кикирики и соја. Може да содржи траги од јаткасто овошје, млеко и сусам
| Нутритивна вредност | 100 g/r |
|---|---|
| Енергија | 1788 КЈ/427 kcal |
| Масти | 15 g |
| од кои заситени | 9.8 g |
| Јаглехидрати | 42.8 g |
| од кои шеќери | 15.4 g |
| Влакна | 13.6 g |
| Протеини | 23.4 g |
| Сол | 0.3 g |
"ПРОТЕИНИ"
"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"
"ЗАСИТЕНИ МАСТИ"
Кокос
Кокосот доаѓа од тропските региони каде што е користен за месестиот дел и кокосовата вода. Богат е со лаурична киселина и содржи растителни влакна и минерали, особено калиум.
Темно чоколадо
Чоколадото е десерт направен од какао зрна. Богат е со минерали, масти и јаглехидрати. Посебно е корисен бидејќи содржи полифеноли и ендорфини, кои го подобруваат расположението и го зголемуваат серотонинот.
Екструдиран ориз
Екструзијата ја дава опцијата за реформулација на оризово брашно во производ кој може да се обликува. Во овој процес, можат да се додадат потенцијално функционални состојки во оризовото тело.
Кикирики
Кикириките се богати со есенцијални нутритиенти: Б витамини, Е витамин, манган, магнезиум, фосфор и растителни влакна. Тие исто така содржат 25г протеин на 100г, што е повисока количина од многу јатки.
Мед
Медот ја добива својата сладост од моносахаридите фруктоза и глукоза. Колку потемна боја има, толку повеќе полифеноли содржи. Исто така е богат со Б витамини, железо и цинк.
Соја
Сојата е растителна храна со висока количина на протеин. Протеините се причината зошто соја зрната се наречени „месо без коски“. Исто така е богата со фитоестрогени, кои одржуваат правилен хормонален баланс кај жените.
