Барате нешто брзо, вкусно, здраво а истовремено и практично за појадок? Новите Виталиа овесни каши се подготвуваат за 2 минути со малку млеко, вода или јогурт и многу уживање.
Збогатени со Б витамини, Виталиа овесните каши го снабдуваат организмот со потребните хранливи материи за успешно функционирање на метаболитичките процеси и мозочната функција.
За љубителите на јаткасти плодови создадовме овесна каша со одличен вкус и богат нутритивен состав од јаткастото овошје и целозрнест овес.
Подготвени се од 100% природни состојки со балансиран нутритивен профил, без вештачки бои и конзерванси. Грижливо избраните состојки и најстрогата контрола во процесот на производство, гарантираат безбедност и здравје со секој залак.
- Посно/Веган
- Збогатена со 8 Б витамини
- 72% овесни снегулки од цело зрно
- Високо количество на растителни влакна
Овесот е природен извор на диетални влакна што е важно за добро варење на храната и здрав метаболизам.
Јаткастите овошја се богати со витамини( витамин Е), минерали (манган, калиум, калциум) и содржат незаситени масни киселини.
Начин на подготовка – една кесичка овесна каша се потопува со 150 мл топла вода или млеко и оброкот е готов.
