Овесна каша со банана, чоколадо и киноа

tasty, healthy, superfood, vitamins, breakfast,

Новиот неодолив вкус на банана и чоколадо во совршен спој со киноа за здрави утрински почетоци. Овесот како предводник на новите вкусови, изобилува со бетаглукани-растителни влакна кои се грижат за здрава дигестија. Овој пат кон мисијата за здравје ги вклучивме киноа снегулките како извор на сите есенцијални амино киселини потреби за правилна синтеза на протеини во нашето тело и ги збогативме со 8 Б витамини за успешно одржување на метаболитичките процеси.

Кол

Share

Facebook

Барате нешто брзо, вкусно, здраво а истовремено и практично за појадок? Новите Виталиа овесни каши се подготвуваат за 2 минути со малку млеко, вода или јогурт и многу уживање.
Збогатени со Б витамини, Виталиа овесните каши го снабдуваат организмот со потребните хранливи материи за успешно функционирање на метаболитичките процеси и мозочната функција.

Новиот неодолив вкус на банана и чоколадо во совршен спој со киноа за здрави утрински почетоци. Овесот како предводник на новите вкусови, изобилува со бетаглукани-растителни влакна кои се грижат за здрава дигестија и не дозволуваат внес на додатни масти и прости шеќери. Овој пат кон мисијата за здравје ги вклучивме киноа снегулките како извор на сите есенцијални амино киселини потреби за правилна синтеза на протеини во нашето тело. Овесните каши се карактеристични по својот богат извор на растителни влакна кои даваат пријатно чувство во стомакот. Новите Го нутри овесни каши се направени од 100% природни состојки, готови за самот 2 минути.

  • ПОСНО/Веган
  • 72% овесни снегулки од цело зрно
  • Содржи суперхрана киноа
  • Голема количина на растителни влакна


Овесот е житарка со извонредни карактеристи и содржи низа нутриенти кои се значајни за растењето, формирањето и заштитата на човечкиот организам. Интегралните овесни снегулки се богати со протеини, витамини (од Б групата, витамин К,Е, Д и провитамин А), минерали (калциум, фосфор, калиум, железо, бакар, цинк, манган, натриум) и есенцијални амино киселини кои го поттикнуваат создавањето на црвените крвни зрнца. Претставува најбогат природен извор на диетални влакна, растворливи и нерастворливи, кои влијаат на подобрување на функцијата на дигестивниот тракт и постигнување здрава телесна тежина. Овесот исто така е значаен бидејќи влијае на лачењето на серoтонинот – “хормонот на среќата”. Ја подобрува концентрацијата, работната способност и влијае на позитивното расположение.
Киноата е зрнеста храна со многу висок % протеини во својот состав. Оваа суперхрана ги содржи двете есенцијални киселини: лизин и изолевицин, кои телото не може да ги создаде и има потреба од внес на киноа во исхраната. Таа е комплетен протеински извор од растително потекло, благодарение на лизинот- важна аминокиселина за одржување на имунитет, изградба на мускулно ткиво а во одредени случаеви дури и смирувачко дејство.

Препорачани дневни количини: Овесната каша со банана, чоколадо и киноа представува балансиран оброк со кој може да се започне секое утро. Во дневно мени од 2000Kcal препорачуваме внес на 1 до 2 оброци(60g/оброк)овесна каша со чоколада, банана и киноа.

Начин на подготовка: Потопете ја овесната каша во млеко или растително млеко(бадем, кокос, соја, ориз), промешајте и уживајте. За љубителите на топол кремаст оброк препорачуваме да потопите со топло млеко, промешате и почекате неколку минути да се олади.

Состав :

овесни снегулки 72%, чоколадни капки 7% ( шеќер, какао маса, какао путер, емулгатор: соја лецитин, арома), кафеав шеќер, пченкарен скроб, малтодекстрин, банана чипс 3% (банана, мед, шеќер, кокосово масло, арома), снегулки од киноа 2%, какао во прав, готварска сол, арома, витамини (тиамин, рибофлавин, Б6, Б12, фолна киселина, пантотенска киселина, ниацин, биотин), засладувач: стевиол гликозди.

Алергени:

Производот содржи глутен и соја. Може да содржи траги од сусам, јаткасти плодови млеко и кикирики.

Нутритивна вредност100 g
Енергија1719kJ/411Kcal
Масти12.5g
од кои заситени7.2g
Јаглехидрати61.8g
од кои шеќери9.3g
Влакна6.0g
Протеини12.3g
Сол0.3g
Витамин Б1 (тиамин мононитрат)0.72mg
Витамин Б20.91mg
Витамин Б38.80mg
Витамин Б60.84mg
Витамин Б121.63µg
Пантотенска киселина5.7mg
Фолна киселина220 µg
Биотин27.5 µg
12.3g

"ПРОТЕИНИ"


9.3g

"ШЕЌЕРИ"


6g

"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"


Овесни снегулки

Овесни снегулки се нутритивни, разновидни компоненти на овесни каши и мусли. Тие содржат протеини, растителни влакна, витамини и други нутритиенти кои промовираат добра дигестија и оптимално здравје.

Стевиа

Стевиа е екстракт од растението Stevia rebaudiana. Има ниска калорична вредност и е погодна за дијабетичари, со два пати поголема сладост од шеќерот

Банана чипс

Банана чипс се суви парчиња банани. Тие можат да бидат покриени со шеќер или мед и имаат сладок вкус. Ги содржат поголем дел од нутритиентите кои ги има бананата, како што е калиумот.

Чоколадо

Чоколадото е десерт направен од какао зрна. Богат е со минерали, масти и јаглехидрати. Посебно е корисен бидејќи содржи полифеноли и ендорфини, кои го подобруваат расположението и го накачуваат серотонинот.

Киноа снегулки

Секое зрно киноа се пресира за да се формираат снегулки. Тоа значи дека снегулките ги имаат истите високонутритивни карактеристики на киноата: без глутен, есенцијални аминокиселини и полни со растителни влакна.

Кафеав шеќер

Кафеавиот шеќер е сахароза со специфична кафеава боја која се должи на присуството на меласа. Споредено со бел шеќер содржи минерали како калиум, железо, магнезиум и калциум.