Нутриционистите со години наназад ја потенцираат важноста на здравиот појадок и нагласуваат дека лицата кои не го прескокнуваат најважниот оброк во денот имаат помали шанси да заболат од дијабетес, срцеви болести но и нема да добијат прекумерна телесна тежина.
Па затоа ви препорачуваме да создадете здрава навика денот да ви започне со оброк од мусли (комбинација на житни снегулки и овошје) кои потопени со млеко ќе ви обезбедат здрав и лесен оброк полн со енергија.
Токму затоа Муслите за појадок на Виталиа не се само обична мешавина, туку стручно креирана рецептура од врвни компоненти, за му дадат на организмот богата здрава основа за старт на денот.
Муслите за појадок имаат богат нутритивен профил и содржат 79% житни снегулки, суво овошје (банана и суво грозје) и семки од сончоглед и лен.
Сувото грозје изобилува со растителни влакна, калциум и железо, а може да го замени и шеќерот во исхраната.
Бананата содржи Б6, магнезиум,железо, калиум, Ц витамин и Б витамин .
Сончогледовото семе содржи: целулозни влакна, големо количество на витамин А, витамини од Б групата и витамин Е,калциум и фосфор.
Лененото семе изобилува со многу хранливи материи меѓу кои спаѓаат: омега-3 и омега-6 масните киселини, витамините Б1, Б2 и Ц, железо и цинк.
Овошните мусли претставуваат здрав појадок за целото семејство кои ви даваат енергија за активен ден. Имаат висока содржина на влакна и не содржат додатни шеќери.
Употреба: Лесна и брза подготовка: 4 лажици од муслите (55г) се потопуваат во 200 мл. млеко или јогурт, и оставете ги да отстојат 10 мин.
Мусли за појадок
balance, vitamins, childrenfriendly, delicious, perfectstartoftheday, healthylife,Нутриционистите со години наназад ја потенцираат важноста на здравиот појадок и нагласуваат дека лицата кои не го прескокнуваат најважниот оброк во денот имаат помали шанси да заболат од дијабетес, срцеви болести но и нема да добијат прекумерна телесна тежина.
Состав:
Житни снегулки (овесни снегулки, пченични снегулки, пченкарни снегулки (пченка, готварска сол, јачменов слад, емулгатор: соин лецитин), ржани снегулки),сушено овошје (суво грозје, банана чипс (банана, мед, шеќер, кокосово масло, арома)), семиња (сончоглед).
Алергени:
производот содржи глутен и соја. Може да содржи траги од јаткасто овошје и сусам.
| Нутритивна вредност | 100 g/г |
|---|---|
| Енергија | 1549kJ/368.8 kcal |
| Масти | 6.4 g |
| од кои заситени | 0.1 g |
| Јаглехидрати | 62.7 g |
| од кои шеќери | 11.3 g |
| Влакна | 9.0 g |
| Протеини | 10.6 g |
| Сол | 0.5 g |
"ПРОТЕИНИ"
"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"
"ШЕЌЕРИ"
Овесни снегулки
Овесни снегулки се нутритивни, разновидни компоненти на овесни каши и мусли. Тие содржат протеини, растителни влакна, витамини и други нутритиенти кои промовираат добра дигестија и оптимално здравје.
Суво грозје
Сувото грозје е сушено грозје богато со фруктоза и глукоза. Содржи антиоксиданти и танини, со ниско ниво на натриум и без холестерол.
Пченични снегулки
Здрави и вкусни, овие снегулки од целозрнеста пченица обезбедуваа 26% од дневниот внес на растителни влакна. Природните влакна од пченицата докажано е дека промовираат регуларност на дигестивниот тракт.
Семки од сончоглед
Семките од сончоглед се богат извор на протеин, растителни влакна, Б и Е витамин. Исто така содржат фитостероли кои придонесуваат кон редукција на холестеролот.
Банана чипс
Банана чипс се суви парчиња банани. Тие можат да бидат покриени со шеќер или мед и имаат сладок вкус. Ги содржат поголем дел од нутритиентите кои ги има бананата, како што е калиумот.
