При промена на годишните времиња, кога организмот треба да се адаптира на новите климатски услови, најдобро ќе Ви помогне комбинацијата од Зелен чај со Жен Шен збогатен со цвет од роза од палетата на Виталиа. Жен Шен или гинсенгот е билка која живее и до 100 години, а од неа се употребува само коренот кој по својот изглед, потсетува на фигура од човек. Има специфичен мирис и нагорчлив вкус. Коренот содржи тритерпенски сапонозиди наречени панаксозиди, витамини од Б групата, како и супстанции со хормонски својства, смоли, минерални материи и етерско масло. Коренот на Жен Шенот е едно од најценетите природни лековити средства во традиционалната медицина. Дејствата на Жен Шенот се многубројни, па затоа се нарекува еликсир на животот и лек за сите болести.
Кои се неговите лековити својства?
Цветовите од ружата содржат танини и етрични масла кои добро делуваат на дигестивниот систем, особено на желудникот и цревата. Особено благотворно дејство има кај луѓето кои се склони кон проливи, а добри се и за белодробни заболувања.
Всушност мешавината од Зелен чај и Жен Шен на Виталиа конзумиран редовно влијае стимулативно на целокупниот метаболизам и е вистински пријател на Вашето здравје.
Начин на подготовка: Се става една лажичка од чајот во чаша за чај и се потопува со топла вода (околу 80 Ц), стои три минути, се процедува и се пие.
