Go Nutri овесни снегулки

tasty, healthy, energyboost, natural, vitamins, instant, low-fat,

Овесните снегулки претставуваат одлично избалансирана, нетретирана и природна храна. Произведени се од целото зрно и во себе ги имаат задржано хранливите вредности: протеини, витамини, јагленхидрати и минерали.

Кол

Share

Facebook

Овесните снегулки претставуваат одлично избалансирана, нетретирана и природна храна. Произведени се од целото зрно и во себе ги имаат задржано хранливите вредности: протеини, витамини, јагленихидрати и минерали.Не содржат холестерол. Изобилуваат со растителни влакна. Погодно за дијабетичари.

ОВЕС
Овесот е житарица со извонредни карактеристики. Богат е со протеини, витамини (од групата Б, витамин К, Е, Д и провитаминот А), минерали (калциум, фосфор, калиум, железо, бакар, цинк, манган, натриум, магнезиум, сулфур, јод, флуор и бор) и есенцијални амино киселини кои го поттикнуваат создавањето на црвените крвни зрнца. Овесот содржи хормон за растење поради што се препорачува да го конзумираат и децата. Покажува одлични резултати и во лечењето на шеќерната болест (има слично дејство на инсулинот) поради што е одлична храна за луѓе оболени од дијабетис.

За овесот може да се каже дека е зрно на здравјето. Со негово редовно користење во исхраната се подобрува расположението, се зголемува будноста и работната способност. За ова дејство, според зборовите на стручњакот за овес д-р Вандел Гансман и автор на книгата “Овесот - елемент на современата исхрана”, се заслужни супстанциите од типот “амини за будност”. Овие супстанции, кои настануваат од белковините на овесот, во телото на човекот влијаат врз ослободување на допаминот, еден проадреналин и на серотонинот, “хормон на среќата”. Благодарение на тие процеси, овесните снегулки не само што ја подобруваат концентрацијата и работната способност, туку влијаат и врз расположението, секако, во позитивна смисла.
Овесните снегулки, ркулци и овесното брашно, се докажани и ефикасни средства за намалување на мастите во крвта. Врз тоа пред се влијаат растворливите баластни материи, кои во овесот ги има пет пати повеќе одколку во другите видови жита. Овие материи ја врзуваат жолчната киселина која настанува од холестеролот и го намалуваат создавањето на сопствениот холестерол.

Овесните снегулки се еден од производите најбогати со витамин Б1 (тиамин) и веќе со 100 грама снегулки се задоволуваат 40% од дневните потреби од овој витамин, неопходен за правилно функционирање на нервите и мускулите. Врз основа на овие својства на овесот следува и препораката на д-р Гансман дека е најдобро секое утро да се изеде чинија овесни снегулки со што ќе добиете исклучително хранлив, здрав и лековит оброк.

Состав:

овесни снегулки.

Алергени:

Содржи глутен. Може да содржи траги на сусам и јаткасти плодови

Нутритивна вредностper 100g
Енергија1542.8кЈ/368.5кcal
Масти 6.8 g
од кои заситени1.1 g
Јаглехидрати64.2 g
од кои шеќери2.5 g
Влакна10 g
Протеини12.6 g
Сол0.32 g
10g

"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"


2.5g

"ШЕЌЕРИ"


12.6g

"ПРОТЕИНИ"


Овесни снегулки

Овесни снегулки се нутритивни, разновидни компоненти на овесни каши и мусли. Тие содржат протеини, растителни влакна, витамини и други нутритиенти кои промовираат добра дигестија и оптимално здравје.