Безглутенски мусли со семиња, јаткасто овошје и какао зрна

tasty, nutritious, breakfast, healthyfood, perfectmorning, lowcarb,

Новите безглутенски мусли со високонутритивен состав од суперхрана киноа, јатки и какао зрна , семиња ги обезбедуваат сите елементи за здраво тело.

Кол

Share

Facebook

Новите безглутенски мусли со високонутритивен состав од суперхрана киноа, јатки и какао зрна , семиња ги обезбедуваат сите елементи за здраво тело. Карактеристични по својата содржина на протеини од растително потекло, совршено се вклопуваат и во оброците на физички активните лица.

  • Не содржат глутен и се погодни за лица кои се интолератни на глутен.
  • Природен извор на диетални влакна
  • Содржат Superfood
  • Посни и погодни за вегани
  • Не содржат вештачки бои и ароми
  • Мало количество на заситени масти
  • Имате потреба од безглутенски, крцкав,високопротеински богатонутритивен појадок?

    – Пробајте ја новата комбинација мусли, на Виталиа. Со омилените вкусови на бадем, какао зрна и микс од семиња имајте прекрасен утрински почеток.

    Го обожаваме спојот на какао и бадем!!!
    Незаситените масни киселини и диетални влакна од бадемите споени со минералите од суровите какао зрна за совршен појадок. Хранливи материи, протеински извори, растителни влакна е вистинскиот избор за секое утро.

    Погодни за лица со целијакиа, анемија, ниско ниво на енергија, дијабет. Поради големо количество на јатки и семиња што во својот состав ги содржат витамините од Б-комплексот, омега-3 МК,се овозможува процес на созревање на црвени крвни клетки. Го зајакнуваат организмот поради лесно разградливите протеини со брз пристап до аминокиселини од растително потекло.

    Состав:

    оризови снегулки, јаткасто овошје (лешник, бадем, индиски орев, бразилски орев), семиња (лен, сончоглед, чиа), соја снегулки, киноа снегулки, снегулки од просо, какао зрна 6%, снегулки од хељда, арома.

     

    Алергени:

    Содржи јаткасто овошје и соја.

    Нутритивна вредност100 g
    Енергија615kcal/2576kJ
    Масти47.25g
    од кои заситени6.5g
    Јаглехидрати26g
    од кои шеќери7.8g
    Влакна5.8g
    Протеини16.9g
    Сол0.17g
    Глутен<20mg/kg
    6.5g

    "ЗАСИТЕНИ МАСТИ "


    16.9g

    "ПРОТЕИНИ"


    26g

    "ЈАГЛЕХИДРАТИ"


    Бадеми

    Бадемот е нутритивно богата јатка и е одличен извор на Б витаминхи, Е и минералите калциум, бакар, железо и цинк. Содржи омега -3 масни киселини кои помагаат во регулација на холестеролот.

    Соја снегулки

    Соја снегулките се подготвени од соја зрна со процесот на кршење, лупење, пресување, екстракција и тостирање. Тие се без холестерол, лесно варливи и нискомаслени. Ги содржат сите аминокиселини.

    Ореви

    Оревите се особено богати со полинезаситени масни киселини кои го редуцираат ризикот од коронарна срцева болест. Тие се идеални за консумација наутро за зголемување на мозочната активност.

    Семки од сончоглед

    Семките од сончоглед се богат извор на протеин, растителни влакна, Б и Е витамин. Исто така содржат фитостероли кои придонесуваат кон редукција на холестеролот.

    Чиа семе

    Чиа семето е античка суперхрана богата со омега-3 масни киселини, Б витамини и минерали. Тие се екстремно корисни за менаџмент на тежината и метаболизмот на мастите.

    Хељда снегулки

    Снегулките од хељда се направени од лупена хељда, која е зрно богато со растителни влакна, протеин, Б витамини. Не содржи глутен и нуди комплетен нутритивен додаток за секој оброк.

    Снегулки од просо

    Снегулки од просо се подготвени од кршени просо зрна, и се богати во нутритиенти и Б витамини. Содржат изобилство на железо, калциум, фосфор и калиум, минерали кои помагаат во метаболички функции.

    Киноа снегулки

    Секое зрно киноа се пресира за да се формираат снегулки. Тоа значи дека снегулките ги имаат истите високонутритивни карактеристики на киноата: без глутен, есенцијални аминокиселини и полни со растителни влакна.

    Индиски орев

    Индиските ореви имаат путерест, сладок и солен вкус со уникатен облик и одличен извор на витамини и минерали. Тука спаѓаат витамините Е, К и Б5 и минералите - бакар, фосфор, цинк, магнезиум и железо.

    Семки од сончоглед

    Семките од сончоглед се богат извор на протеин, растителни влакна, Б витамини и Е витамин. Исто така содржи фитостероли кои можат да придонесат кон ниски нивоа на холестерол.

    Ленено семе

    Лененото семе содржи високо ниво на протеин, растителни влакна, неколку Б витамини и минерали. Претставува одличен додаток во салата, мусли и барови нудејќи омега-3 масни киселини.

    Какао

    Какаото содржи неколку минерали, вклучувајќи калциум, бакар, магнезиум, фосфор, калиум, натриум и цинк. Сите овие минерали се наоѓаат во поголеми количини и носат специфични нутритивни бенефиции.