Егзотик мусли

nutritious, natural, breakfast, healthyfood, delicious, tropicfruit, raw4ever, balanced,

За љубителите на егзотични вкусови во секој дел од годината ги создадовме Егзотик муслите исполнети со тропско овошје, целозрнести житарки и сиров кокос. Ви недостасува вкусот на папаја, ананас и манго?- Внесете здравје и енергија од самиот почеток на денот со вашите омилени овошки.

Кол

Share

Facebook

За љубителите на егзотични вкусови во секој дел од годината ги создадовме Егзотик муслите исполнети со тропско овошје, целозрнести житарки и сиров кокос. Ви недостасува вкусот на папаја, ананас и манго?- Внесете здравје и енергија од самиот почеток на денот со вашите омилени овошки.

Придобивки од користење сирови кокосови листови: Кокосовите листови во составот на Егзотик муслите од Виталиа представуваат производ добиен со сушење под строго одредени услови за задржување на сите нутритиенти во првобитна сирова состојба. Кокосот изовилува со заситени масти единствени за својот растителен вид кои го негуваат и заштитуваат организмот.

Препорачани дневни количини: Егзотик муслите на Виталиа претставуваат одличен оброк со кој се балансира внесот на масти, протеини, јагленихидрати и растителни влакна. При дневно мени од 2000Kcal се препорачува внес на 50-120g Егзотик мусли.

Начин на подготовка: Потопете ги муслите во млеко, јогурт или растително млеко(бадем, кокос, соја, ориз), промешајте и уживајте. За љубителите на кремаст вкус додадете една блендирана свежа овошка во потопените мусли.

Нутритивни придобивки:

  • Посно
  • Содржат 2 вида целозрнести снегулки
  • 35% овошје- здрав извор на енергија
  • Со сирови кокосови листови
  • Големо количество растителни влакна
  • Погоден за Вегани
  • Без вештачки бои и ароми

Состав:

Житни снегулки 50% (овесни, јачменови), сушено тропско овошје 24% (манго, папаја, ананас, кокос, банана чипс (банана, шеќер, кокосово масло, арома)), пченкарни снегулки (пченкарен гриз, инулин, екстракт од јачменов слад), суво грозје.

Алергени:

Производот содржи глутен. Може да содржи траги од сусам, соја, јаткасти плодови и кикирики.

Нутритивна вредност 100 g/г
Енергија1512kJ/ 360kcal
Масти7.8 g
од кои заситени 3.7 g
Јаглехидрати57.7 g
од кои шеќери 24.3 g
Влакна13.2 g
Протеини8 g
Сол 0.7 g
13.2g

"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"


8g

"ПРОТЕИНИ"


3.7g

"ЗАСИТЕНИ МАСТИ"


Овесни снегулки

Овесни снегулки се нутритивни, разновидни компоненти на овесни каши и мусли. Тие содржат протеини, растителни влакна, витамини и други нутритиенти кои промовираат добра дигестија и оптимално здравје.

Кокос

Кокосот доаѓа од тропските региони каде што е користен за месестиот дел и кокосовата вода. Богат е со лаурична киселина и содржи растителни влакна и минерали, особено калиум.

Ананас

Ананасот е високонутритивно тропско овошје, особено со витамин Ц и манган. Тој содржи бромелаин, мешавина од протеолитички ензими, која има посебна корист за здравјето на луѓето.

Банана

Бананите (без кора) се 75% вода, 23% јаглени хидрати, 1% протеин. 100 грама содржат 89 калории, 31% од препорачаните вредности на витамин Б6 и умерени количества на витамин Ц, манган, калиум и диетални влакна.

Манго

Мангото е тропско овошје богато со фитонутритиенти-каротеноиди, полифеноли и ксантоиди. Овие соединенија се корисни за функцијата на очите, нега на кожата и регулација на крвниот притисок.

Папаја

Папаја е егзотично овошје посебно богато со витамин Ц, фолна киселина и витамин А. Пулпата содржи различни фитохемикалии, вклучувајќи каротеноиди и полифеноли.