Мусли Класик

tasty, nutritious, balance, natural, healthyfood, rawislife, richinfiber,

Спој на житарки, семиња и овошки за балансиран макронутритивен внес од самиот почеток на денот. Класик муслите на Виталиа изобилуваат со растителни влакна за пријатно чувство во стомакот. Секоја состојка е внимателно одбрана со единствен бенефит за балансирано здравје. Семињата вклопени како одличен извор на незаситени масти ја ослободуваат енергијата потребна за нормална функција во целодневните активности.

Кол

Share

Facebook

Спој на житарки, семиња и овошки за балансиран макронутритивен внес од самиот почеток на денот. Класик муслите на Виталиа изобилуваат со растителни влакна за пријатно чувство во стомакот. Секоја состојка е внимателно одбрана со единствен бенефит за балансирано здравје. Семињата вклопени како одличен извор на незаситени масти ја ослободуваат енергијата потребна за нормална функција во целодневните активности.

Придобивките од сирова храна во житариците: Нашето суво грозје е сушено во посебни услови кои обезбедуваат висок квалитет на производот а воедно се задржуваат сите ензими, витамини и минерали кои ги содржи свежото овошје. Подобрувањето е во тоа што со помала количина од од ваквиот вид сирово овошје внесуваме многу повеќе нутритиенти.

Препорачани дневни количини: Класик муслите на Виталиа претставуваат одличен оброк со кој се балансира внесот на масти, протеини, јагленихидрати и растителни влакна. При дневно мени од 2000Kcal се препорачува внес на 50-120g Класик мусли.

Начин на подготовка: Потопете ги муслите во млеко, јогурт или растително млеко(бадем, кокос, соја, ориз), промешајте и уживајте. За љубителите на кремаст вкус додадете една блендирана свежа овошка во потопените мусли.

Нутритивни придобивки:

  • Посно
  • 62% целозрнести житарици
  • 4 различни видови житарици
  • Направени со сирови семиња и сирово суво грозје
  • Големо количество на растителни влакна
  • Погоден за Вегани

Состав:

Житни снегулки (овесни, јачменови, ржани, пченични), пченкарни снегулки (пченкрен гриз, шеќер, јачменов слад, сол), суво грозје 10%, семиња (сончоглед, тиква).

Алергени:

Производот содржи глутен. Може да содржи траги од јаткасти плодови, соја, сусам и кикирики.

Нутритивна вредност 100 g/г
Енергија1608.6 kJ/ 383kcal
Масти10.4 g
од кои заситени1.7 g
Јаглехидрати55.3 g
од кои шеќери17.8 g
Влакна12.5 g
Протеини10.6 g
Сол0.5 g
12.5g

"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"


10.6g

"ПРОТЕИНИ"


10.4g

"МАСТИ"


Овесни снегулки

Овесни снегулки се нутритивни, разновидни компоненти на овесни каши и мусли. Тие содржат протеини, растителни влакна, витамини и други нутритиенти кои промовираат добра дигестија и оптимално здравје.

Суво грозје

Сувото грозје е сушено грозје богато со фруктоза и глукоза. Содржи антиоксиданти и танини, со ниско ниво на натриум и без холестерол.

’Ржани снегулки

Ржаните снегулки се пресиран рж, кој е житарица слична на пченицата. Содржи голема количина на растителни влакна, минерали -манган, фосфор, бакар и пантотенска киселина, сите неопходни за нормална телесна функција.

Семки од тиква

Семките од тиква се идеален додаток на секој оброк, посебно се богати до цинк и манган, кои одржуваат оптимално здравје, помагаат во заздравување на рани и подобруваат когнитивни функции.

Семки од сончоглед

Семките од сончоглед се богат извор на протеин, растителни влакна, Б и Е витамин. Исто така содржат фитостероли кои придонесуваат кон редукција на холестеролот.