5 правила за успешна природна детоксикација од Виталиа

Почетокот на новата година значи и почеток на сосем нов циклус во исхраната, кој, иако краток, знае да претставува вистински предизвик за метаболизмот. Клучниот период доаѓа по крајот на празниците, кога се препуштаме на храна и вкусни десерти која вообичаено не е дел од секојдневното мени и може да предизвика проблеми со дигестивниот систем, зголемено задржување на токсините и слободни радикали. Здравата исхрана во комбинација со редовната физичка активност се едни од главните предуслови за превенција на многу болести, а особено во период каде зајакнување на имунитетот и одржување на целокупното здравје е исклучително важно, па затоа потребна е лична инвестиција кон здрава исхрана и здрав животен стил.
Добрата вест е дека постојат чекори што можеме да ги преземеме за да го намалиме ризикот од посериозни заболувања, а помагање на природниот систем на организмот за детоксикација е начин на кој можеме да дејствуваме.
Креирајте здрави оброци
Исчистете ја вашата кујна од нездравите намирници како грицки, газирани напитоци и високо процесирана храна и изберете овошје, зеленчук, целозрнести житарки, мешункасти плодови, јатки, семиња и риба. Овие категории на храна изобилуваат со витамини, минерали, растителни влакна, здрави незаситени масти и антиоксиданти. Избегнувајте консумација на процесирана храна богата со шеќери и заситени масти како и алкохолни и засладени напитоци кои се на основата на денешните кризи во јавното здравје. Големата потрошувачка на шеќери и високо обработена храна е поврзана со дебелина и други хронични болести, како што се срцеви заболувања, рак и дијабетес. Овие болести ја попречуваат способноста на вашето тело природно да се детоксицира со оштетување на органите што играат важна улога, како што се црниот дроб и бубрезите.
По утрото се познава денот
Збогатете го вашиот утрински ритуал со ефективна детокс напивка за будење на метаболизмот. Подготовете 200мл млака вода во комбинација со 1 цеден лимон, 1 лажичка ѓумбир во прав и 1 лажичка мед со прополис. Овој напиток ќе ги исфрли токсините наталожени од претходниот ден, а истовремено делува освежувачки. Не прескокнувајте го појадокот и направете оброк со целозрнести житарки како овесни снегулки, овесна каша или гранола мусли. Додадете овошје по избор и растително млеко од соја и ориз и на овој начин ќе добиете високонутритивен оброк богат со растителни влакна, минерали и витамини.

Не заборавајте на физичка активност
Редовната физичка активност е неопходна за согорување на внесената храна и ги намалува воспалителните процеси во организмот. Со намалување на воспалението, физичката активност може да им помогне на системите на вашето тело – вклучувајќи го и неговиот систем за детоксикација – да функционираат правилно и да се заштитат од болести. Препорачливо е да правите најмалку 150-300 минути неделно вежбање со умерен интензитет – како што е брзо одење – или 75-150 минути неделно физичка активност со силен интензитет – како што е трчање. Пред тренингот обезбедете енергија со протеинско топче или протеин мусли од Виталиа, а по тренингот регенерирајте ги вашите мускули со протеински бар.
…ниту на течностите
Водата прави многу повеќе од задоволување на жедта. Ја регулира температурата на вашето тело, ги подмачкува зглобовите, помага при варење и апсорпција на хранливи материи и го детоксицира вашето тело со отстранување на токсините. Помогнете го детокс процесот со внесување на зелен чај, кој е богат со антиоксиданти кои ги спречуваат негативните ефекти на слободните радикали.
Фокусирајте се на спиењето
Обезбедувањето соодветен и квалитетен сон секоја вечер е неопходно за поддршка на здравјето на вашето тело и природен систем за детоксикација. Спиењето му овозможува на вашиот мозок да се реорганизира и да се надополни, како и да ги отстрани нуспроизводите од токсичен отпад што се акумулирале во текот на денот. Затоа, практикувајте лесна вечера, 3-4 часа пред вашето време за спиење, со цел организмот да може да ја преработи. Комбинирајте свежи салати зачинети со семиња ( сончоглед, тиква, лен, сусам) и ладноцедено масло од тиква или лен. Не ја оспорувајте моќта на овесот и изберете овесна каша во комбинација со нискомаслен јогурт и јаткасти плодови. Оваа комбинација е богата со Б витамини и омега 3 масни киселини кои помагаат во мирен и спокоен сон.

Препорачани производи
Препорачани производи
