Здрави и вкусни напитоци од соја и ориз

Имате интолеранција на лактоза и сте дел од 75% од светската популација која се соочува со истиот проблем?
Барате здрав и вкусен напиток во кој целосно ќе уживате?
Виталиа се погрижи за вашите нутритивни потреби со неодоливи алтернативи на кравјото млеко, соини и оризови млека во прав со одличен вкус и мазна текстура кои лесно се вклопуваат во вашите секојдневни оброви и омилените рецепти.
Соините млека Виталиа се со природен вкус и одлична арома, достапни во 3 вкусови и тоа, класик, вкус со неодолива арома на ванила и соино млеко збогатено со 9 витамини и калциум. Формулирани од зрна од соја, имаат ниско ниво на холестерол и заситени масти, наспроти висока содржина на протеини и балансираниот аминокиселински состав кои се споредливи со оние на кравјото млеко, но со пониска калориска вредност. Овие протеини се особено корисни за правилен раст и развој на телото, зајакнување на имунитетот, и подобрување на мускулната формација.
Во асортиманот на Виталиа можете да пронајдете и оризови млека во прав, достапни во 2 вкуса – ванила и оризов напиток збогатен со 9 витамини и калциум. Оризовото млеко има комплексен нутритивен состав со високо ниво на јаглехидрати, ниско количество на масти, а е и одличен извор на магнезиум. Токму затоа оризовиот напиток е одличен за промовирање на добро кардиоваскуларно здравје, контрола на крвниот притисок и холестеролот.
Соините и оризовите млека се без лактоза, што е исклучителна важна предност за лицата кои се интолерантни на лактоза, здравствен проблем со кој се соочува дури 75% од светската популација.
Интолеранцијата на лактоза е дигестивно нарушување при што организмот ја нема способноста да ја дигестира лактозата, главната состојка на кравјото млеко. Симптомите вклучуваат надувување, дијареа, гасови и абдоминална болка. Главен третман на ова заболување е елиминација на лактозата од секојдневните оброци, а со Виталиа растителните напитоци изборот е лесен и неизбежен.
Соините и оризовите млека збогатени со 9 витамини и калциум придонесуваат со дополнителни здравствени карактеристики:
Тиамин (Витамин Б1) – Помага за нормална функција на срцето.
Рибофлавин (Витамин Б2) – Помага во одржување на видот и кожата и го намалува чувството на умор.
Ниацин (Витамин Б3) – Помага во метаболизмот на енергија.
Витамин Б6 – Помага за нормална функција на имуниот систем.
Фолна киселина (Витамин Б9) – Придонесува за здрав раст и развој на фетусот.
Витамин Б12 – Помага во производство на еритроцити (црвени крвни зрнца) и го намалува ризикот од анемија и недостаток на железо.
Биотин (Витамин Б7) – Придонесува за одржување на здрава коса и нокти.
Пантотенска киселина (Витамин Б5) – Ја подобрува мозочната функција и когнитивност.
Калциум – Неопходен е за одржување на здрави коски и заби.
Витамин Ц – Придонесува за нормална функција на имуниот и нервниот систем, го намалува оксидативниот стрес и помага во апсорпцијата на железо.
Не чекајте, изберете го најдоброто за вашето здравје!
Подготовката е брза и лесна – само растворете 2 лажици од избраниот производ во 250мл вода, добро промешајте и вашиот напиток е спремен за консумирање.
Лесно, питко и исклучително корисно… Виталиа е најдобар сојузник на вашиот имунитет и здравје!
Препорачани производи
Препорачани производи
