Овесна каша со брусница и киноа

tasty, healthy, superfood, vitamins, breakfast, instaboost, richinfiber,

Брусница, киноа и овесни снегулки е составот на новата овесна каша, готова за 2 минути. Инстант овесна каша со нов неодолив вкус од брусница, збогатена со 8 Б витамини која во себе има грст здравствени придобивки.

Кол

Share

Facebook

Барате нешто брзо, вкусно, здраво а истовремено и практично за појадок? Новите Виталиа овесни каши се подготвуваат за 2 минути со малку млеко, вода или јогурт и многу уживање. Збогатени со Б витамини, Виталиа овесните каши го снабдуваат организмот со потребните хранливи материи за успешно функционирање на метаболитичките процеси и мозочната функција.

Брусница, киноа и овесни снегулки е составот на новата Виталиа овесна каша, готова за 2 минути. Инстант овесна каша со нов неодолив вкус од брусница која во себе има грст здравствени придобивки.

Нутритивни придобивки:

  • Посно/Веган
  • Збогатена со 8 Б витамини
  • 73% овесни снегулки од цело зрно
  • Содржи суперхрана киноа
  • Извор на растителни влакна
  • Мало количество заситени масти

Внимателно одбрани состојки:

Овесот е житарка со извонредни карактеристи и содржи низа нутриенти кои се значајни за растењето, формирањето и заштитата на човечкиот организам. Интегралните овесни снегулки се богати со протеини, витамини (од Б групата, витамин К,Е, Д и провитамин А), минерали (калциум, фосфор, калиум, железо, бакар, цинк, манган, натриум) и есенцијални амино киселни кои го поттикнуваат создавањето на црвените крвни зрнца. За овесот може да се каже дека е зрно на здравјето и затоа треба да биде дел од вашето секојдневно мени.

Брусницата изобилува со растителни влакна кои ја помагаат работата на дигестивниот тракт. Како добар извор на витамин Ц кој ја поддржува работата на имуниот систем претставуваат природна храна за заштита од болести на организмот. Содржината на калциум го поддржува здравјето на забите и коските. Природниот извор на антиоксиданти се поврзува со намалена опасност од уринарни инфекции, желудочни потешкотии.

Киноата е зрнеста храна со многу висок % протеини во својот состав. Оваа суперхрана ги содржи двете есенцијални киселини: лизин и изолевицин, кои телото не може да ги создаде и има потреба од внес на киноа во исхраната. Таа е комплетен протеински извор од растително потекло, благодарение на лизинот- важна аминокиселина за одржување на имунитет, изградба на мускулно ткиво а во одредени случаеви дури и смирувачко дејство.

Препорачани дневни количини: Овесната каша со брусница и киноа представува балансиран оброк со кој може да се започне секое утро.

Начин на подготовка: Потопете ја овесната каша во млеко, јогурт или растително млеко(бадем, кокос, соја, ориз), промешајте и уживајте. За љубителите на топол кремаст оброк препорачуваме да потопите со топло млеко, промешате и почекате неколку минути да се олади.

Состав :

овесни снегулки 73%, сушена брусница 8% (брусница, шеќер, сончогледово масло), кафеав шеќер, малтодекстрин, пченкарен скроб, снегулки од киноа 1%, арома, готварска сол, регулатор на кисeлост: лимонска киселина, витамини (тиамин, рибофлавин, Б6, Б12, фолна киселина, пантотенска киселина, ниацин, биотин), засладувач: стевиол гликозиди.

Алергени:

Производот содржи глутен. Може да содржи траги од сусам, сулфур диоксид, соја, јаткасти плодови и кикирики.

Нутритивна вредност100 g
Енергија1551kJ/371kcal
Масти4.5g
од кои заситени0.9g
Јаглехидрати69.8g
од кои шеќери9.0g
Влакна3.6g
Протеини11.0g
Сол0.3g
Витамин Б1 (тиамин мононитрат)0.72mg
Витамин Б20.91mg
Витамин Б38.80mg
Витамин Б60.84mg
Витамин Б121.63µg
Пантотенска киселина5.7mg
Фолна киселина220 µg
Биотин27.5 µg
11g

"ПРОТЕИНИ"


4.5g

"МАСТИ"


3.6g

"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"


Овесни снегулки

Овесни снегулки се нутритивни, разновидни компоненти на овесни каши и мусли. Тие содржат протеини, растителни влакна, витамини и други нутритиенти кои промовираат добра дигестија и оптимално здравје.

Стевиа

Стевиа е екстракт од растението Stevia rebaudiana. Има ниска калорична вредност и е погодна за дијабетичари, со два пати поголема сладост од шеќерот

Брусница

Брусницата е шумско овошје што содржи умерени нивоа на витамин Ц, растителни влакна и есенцијални минерали - манган и други микронутритиенти. Помага против уринарни инфекции.

Витамини

Витамините се состојки специјално додадени да стимулираат правилен раст и развој на организмот.

Киноа

Киноата, исто така наречена "мајка на сите зрна", ги содржи сите есенцијални аминокиселини и е одличен извор на манган и фосфор, како и диетални влакна, фолна киселина и диетални минерали. Природно без глутен.