Овошни мусли

nutritious, balance, childrenfriendly, delicious, eathealthy, perfectstart,

Муслите Овошје се мешавина од сушено овошје и содржи 70% житни снегулки и 30% овошје (суво грозје, јаболко, банана, смоква, урма, слива). Одбраните сушени овошја во комбинирација со житните снегулки (овесни, пченкарни, ржани, пченични) претставуваат енергетски богата, и хранливо здрава основа за почеток на секој нов ден.

Кол

Share

Facebook

Муслите Овошје се мешавина од сушено овошје и содржи 70% житни снегулки и 30% овошје (суво грозје, јаболко, банана, смоква, урма, слива). Одбраните сушени овошја во комбинирација со житните снегулки (овесни, пченкарни, ржани, пченични) претставуваат енергетски богата, и хранливо здрава основа за почеток на секој нов ден.
Овошните мусли се овошен здрав појадок за целото семејство. Хранлив оброк за деца, спортисти и ученици. Имаат висока содржина на влакна и не содржат додатни шеќери.

  • Сувото грозје изобилува со растителни влакна, калциум и железо, а може до го замени и шеќерот во исхраната.
  • Јаболкото содржи Витамин А, Б ,Ц, железо, калиум, калциум, протеини, сулфур.
  • Бананата содржи Б6, магнезиум, железо, калиум, Ц витамин и Б витамин.
  • Урмите содржат калциум и фосфор, ја регулираат и стимулираат работата на цревата преку 10 гр диететски влакна кои ги содржат.
  • Смоквата содржи витамин Ц, калиум, калциум, бета каротен (провитамин А) и витамин Б.
  • Сливата содржи Витамин Ц, Витамин Б6, Витамин Е и Бета каротен.


Создадете здрава навика денот да ви започне со оброк од мусли (комбинација на житни снегулки и овошје) кои потопени со млеко ќе Ви обезбедат здрав и лесен оброк полн со енергија.

Употреба: Лесна и брза подготовка: 4 лажици од муслите (55г) се потопуваат во 200 мл. млеко или јогурт, и оставете ги да отстојат 10 мин.

Состав:

Житни снегулки 70 % (овесни снегулки, пченични снегулки, ржани снегулки, пченкарни снегулки (пченка, сол, јачменов слад, емулгатор: соја лецитин), овошје 30% (суво грозје, јаболка, банана чипс (банана, мед, шеќер, кокосово масло, арома), урма, слива).

Алергени:

Производот содржи глутен и сусам. Може да содржи траги од јаткасто овошје и соја

Нутритивна вредност 100 g/г
Енергија1420 kJ/ 335kcal
Масти3.8 g
од кои заситени0.08 g
Јаглехидрати67 g
од кои шеќери19 g
Влакна7.7 g
Протеини8.4 g
Сол0.3 g
8.4g

"ПРОТЕИНИ"


7.7g

"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"


3.8g

"МАСТИ"


Овесни снегулки

Овесни снегулки се нутритивни, разновидни компоненти на овесни каши и мусли. Тие содржат протеини, растителни влакна, витамини и други нутритиенти кои промовираат добра дигестија и оптимално здравје.

Банана

Бананите (без кора) се 75% вода, 23% јаглени хидрати, 1% протеин. 100 грама содржат 89 калории, 31% од препорачаните вредности на витамин Б6 и умерени количества на витамин Ц, манган, калиум и диетални влакна.

Јаболко

Јаболкото е слатко овошје што содржи изобилство на различни витамини и минерали. Има посебни нутритивни придобивки како додаток во мусли и барови, како и консумирано свежо како дел од ужината.

Суво грозје

Сувото грозје е сушено грозје богато со фруктоза и глукоза. Содржи антиоксиданти и танини, со ниско ниво на натриум и без холестерол.

Урми

Урмите имаат одличен нутритивен профил. Тие се богати со растителни влакна и се одличен извор на витамин Б6, калиум, магнезиум, бакар, манган, железо. Овие нутритиенти помагаат во превенцијата на анемија.

Слива

Сливите се вкусно овошје богато со витамин Ц. Витаминот Ц е моќен антиоксидант кој го намалува оксидативниот стрес и го стимулира имунитетот.

Пченични снегулки

Здрави и вкусни, овие снегулки од целозрнеста пченица обезбедуваа 26% од дневниот внес на растителни влакна. Природните влакна од пченицата докажано е дека промовираат регуларност на дигестивниот тракт.