Безглутенски бар со малина, ванила и темно чоколадо

tasty, nutritious, energyboost, natural, stevia, glutenfree, healthysnack,

Водење здрав начин на живот со безглутенска храна никогаш не било вака и лесно, со помош на Виталиа.

Виталиа направи барови кои ви го чуваат здравјето. Со едноставна комбинација на малини, киноа, ванила и темно чоколадо уживајте во секоја пауза од денот. Користејќи природен засладувач стевиа, овозможивме бар со висока нутритивна вредност, наменет за здрава ужинка.

Кол

Share

Facebook

Водење здрав начин на живот со безглутенска храна никогаш не било вака и лесно, со помош на Виталиа.
Виталиа направи барови кои ви го чуваат здравјето. Со едноставна комбинација на малини, киноа, ванила и темно чоколадо уживајте во секоја пауза од денот. Користејќи природен засладувач стевиа, овозможивме бар со висока нутритивна вредност, наменет за здрава ужунка. Ако шумските плодови се вашето омилено овошје, ова е вистинскиот бар. На кафе пауза, после тренинг, при прошетка со пријатели, гледајќи ја омилената ТВ серија се само дел од активностите во кои се вклопува новиот безглутенски бар.

  • Не содржи глутен
  • Вегански производ
  • Засладен со стевиа
  • Суперхрана
  • Извор на растителни влакна
  • Се препорачува за лица со целијакиа и дијабет
  • Поради содржината на флавоноиди, овие барови се вклучуваат во борба со слободни радикали и заштита на телото. Со внесување на растителни влакна кои се дел од безглутенските барови се овозможува процес на лесно варење и баланс во цревната флора.
    Новата комбинација со киноа-суперхрана која изобилува со протеини и антиоксиданси се вклопува одлично во овој состав на нутритиенти. При секојдневно користење на овие барови се подобрува метаболитичка активност и согорување на калории.

    Состав:

    dтемно чоколадо со стевиа(какао путер, какао маса, емулгатор: соја лецитин, засладувач: изомалт и стевиол гликозид), олигофруктоза, киноа снегулки, екструдиран ориз, пченкарни снегулки, малина лиофолизирана, соја снегулки, растително масло (канола), сорбитол, растителни влакна, малтодекстрин, омекнувач: глицерол, регулатор на киселост:лимонска киселина, боја: сок од плод од бозел, арома, готварска сол, засладувач: стевиол гликозид..

    Алергени:

    производот содржи соја. Може да содржи траги од бадем.

    Нутритивна вредност100 g/r
    Енергија1784.2kJ/424.8kcal
    Масти15 g
    од кои заситени5 g
    Јаглехидрати55.5 g
    од кои шеќери5.3 g
    Полиоли14 g
    Влакна19.5 g
    Протеини 7.2 g
    Сол0.35 g
    Глутен20mg/kg
    19.5g

    "РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"


    7.2g

    "ПРОТЕИНИ"


    5g

    "ЗАСИТЕНИ МАСТИ"


    Темно чоколадо

    Чоколадото е десерт направен од какао зрна. Богат е со минерали, масти и јаглехидрати. Посебно е корисен бидејќи содржи полифеноли и ендорфини, кои го подобруваат расположението и го зголемуваат серотонинот.

    Екструдиран ориз

    Екструзијата ја дава опцијата за реформулација на оризово брашно во производ кој може да се обликува. Во овој процес, можат да се додадат потенцијално функционални состојки во оризовото тело.

    Ванила

    Ванилата е втор најскап зачин во светот по шафранот. Ванилата е високо ценета поради својот вкус, мирис и одличен додадок во секој производ.

    Стевиа

    Стевиа е екстракт од растението Stevia rebaudiana. Има ниска калорична вредност и е погодна за дијабетичари, со два пати поголема сладост од шеќерот

    Пченкарни снегулки

    Пченкарните снегулки се житарки добиени со процесирање на снегулките од пченка. Богати се со јаглехидрати, протеини, магнезиум и железо, витамин Б 12, Б6 како и витамин Д и А.

    Малина

    Има свеж вкус, хармоничен баланс од слатко и горчливо. Богат извор на антиоксидантни, влакна и витамин Ц, кој го промовира формирањето на колагенот.

    Соја снегулки

    Соја снегулките се подготвени од соја зрна со процесот на кршење, лупење, пресување, екстракција и тостирање. Тие се без холестерол, лесно варливи и нискомаслени. Ги содржат сите аминокиселини.

    Киноа

    Киноата, исто така наречена "мајка на сите зрна", ги содржи сите есенцијални аминокиселини и е одличен извор на манган и фосфор, како и диетални влакна, фолна киселина и диетални минерали. Природно без глутен.