Одличен високо протеински бар со 35% протеини (21 g протеини во 60g бар). Претставува балансирана формула од висок процент на хидролизирани протеини од сурутка и растителни протеини.
Vitalia Sport bars претставуваат одличен баланс на нутритиенти посебно дизајнирани за спортски активни лица. Како извор на јагленохидрати, протеини и масти, ги задоволува потребите за брзо ослободување на енергија и градење на мускулна маса.
Содржат ниско количество на натриум, засладени се со мало количество на нерафиниран кафеав шеќер и содржат семе од киноа кое е природен извор на протеини и есенцијални амино киселини.
Vitalia Sport bars помагаат за зголемување на физичките перформанси на телото (зголемување на силата, мускулната маса) и за надополнување на потрошената енергија на организмот за време на активностите како и олеснување на тегобите од напорните тренинзи.
Sport bar на Виталиа има двојна фунција. Се конзумира еден час пред тренинг за сила и енергија како и после тренинг за враќање на силата и енергијата. Не се препорачуваат на лица под 16 годишна возраст како и за бремени жени и доилки.
Протеинска плочка со вкус на ананас и бело чоколадо
Одличен високо протеински бар со 35% протеини (21 g протеини во 60g бар). Претставува балансирана формула од висок процент на хидролизирани протеини од сурутка и растителни протеини.
Vitalia Sport bars претставуваат одличен баланс на нутритиенти посебно дизајнирани за спортски активни лица. Како извор на јагленохидрати, протеини и масти, ги задоволува потребите за брзо ослободување на енергија и градење на мускулна маса.
Состав:
Екструдиран протеин од соја, прелив од бело чоколадо (какао путер, млеко во прав, засладувачи: изомалт и стевиол гликозиди, емулгатор: соја лецитин, арома), соја снегулки, олигофруктозен сируп, екстракт од јачменов слад, концентрат од јаболков сок, протеин од сурутка, растително масло (канола), омекнувач: глицерол Е422, семе од киноа, концентрат од лимонов сок, арома, готварска сол.
Алергени:
производот содржи млеко и соја. Може да содржи траги од млеко, јаткасто овошје и сусам.
| Нутритивна вредност | 100 g/r |
|---|---|
| Енергија | 1798kJ / 428kcal |
| Масти | 16.1 g |
| од кои заситени | 5.8 g |
| Јаглехидрати | 32.5 g |
| од кои шеќери | 9.5 g |
| Влакна | 6.5 g |
| Протеини | 35 g |
| Сол | 0.2 g |
"ПРОТЕИНИ"
"ШЕЌЕРИ"
"МАСТИ"
Ананас
Ананасот е високонутритивно тропско овошје, особено со витамин Ц и манган. Тој содржи бромелаин, мешавина од протеолитички ензими, која има посебна корист за здравјето на луѓето.
Бело чоколадо
Белото чоколадо е дериват од млечното чоколадо. Се состои од какао путер, шеќер и млеко и се карактеризира со бледо жолта боја.
Протеин од сурутка
Протеинот од сурутка е природна состојка, мешавина од бета-лактоглобулин, алфа-лактоалбумин, албумин и имуноглобулини. Бенефициите вклучуваат редукција на тежина, регулација на холестеролот и синтеза на мускулна маса.
Соја снегулки
Соја снегулките се подготвени од соја зрна со процесот на кршење, лупење, пресување, екстракција и тостирање. Тие се без холестерол, лесно варливи и нискомаслени. Ги содржат сите аминокиселини.
