Новa природнa енергија за спортски активните лица. Почувствувајте го вкусот на енергијата со новиот Vitalia Sport bar со кикирики и прелив од млечно чоколадо.
Vitalia Sport bars со кикирики и млечно чоколадо претставуваат високо протеински барови со 32% протеини (19,2g протеини во 60g бар) и одличен баланс на нутритиенти посебно дизајнирани за спортски активни лица. Како извор на јагленохидрати, протеини и масти, ги задоволува потребите за брзо ослободување на енергија и градење на мускулна маса.
Протеинската основа на овој бар е креирана од: протеини од сурутка, природните протеини на кикириките и природните протеини на семето киноа.
Содржат ниско количество на натриум, засладени се со мало количество на нерафиниран кафеав шеќер (Demerara), и содржат семе од киноа кое е супер храна која не содржи глутен и е богат природен извор на протеини.
Vitalia Sport bars помагаат за зголемување на физичките перформанси на телото (зголемување на силата, мускулната маса) и за надополнување на потрошената енергија на организмот за време на активностите како и олеснување на тегобите од напорните тренинзи.
Sport bar на Виталиа има двојна функција. Се конзумира еден час пред тренинг за сила и енергија како и после тренинг за враќање на силата и енергијата.
Не се препорачуваат на лица под 16 годишна возраст како и за бремени жени и доилки.
Протеинскa плочка со кикирики и млечно чоколадо
tasty, health, active, powerenergy, fitness, gym,Новa природнa енергија за спортски активните лица. Почувствувајте го вкусот на енергијата со новиот Vitalia Sport bar со кикирики и прелив од млечно чоколадо.
Ingredients:
прелив од млечно чоколадо (засладувачи: изомалт и стевиол гликозиди, какао путер, обрано млеко во прав, какао маса, емулгатор: соја лецитин, арома), екструдиран протеин од соја, соја снегулки, олигофруктозен сируп, екстракт од јачменов слад, печени кикирики, растително масло (канола), протеин од сурутка, мед, омекнувач: глицерол Е422 и сорбитол сируп, семе од киноа 1,5%, боја карамел, арома, готварска сол
Алергени:
производот содржи млеко, глутен, кикирики и соја.
| Нутритивна вредност | 100 g |
|---|---|
| Енергија | 1815kJ/432.2kcal |
| Масти | 18.8 g |
| од кои заситени | 5.7 g |
| Јаглехидрати | 30.0 g |
| од кои шеќери | 9.8 g |
| Влакна | 7.5 g |
| Протеини | 32 g |
| Сол | 0.2 g |
"ПРОТЕИНИ"
"ШЕЌЕРИ"
"ЗАСИТЕНИ МАСТИ"
Стевиа
Стевиа е екстракт од растението Stevia rebaudiana. Има ниска калорична вредност и е погодна за дијабетичари, со два пати поголема сладост од шеќерот
Кикирики
Кикириките се богати со есенцијални нутритиенти: Б витамини, Е витамин, манган, магнезиум, фосфор и растителни влакна. Тие исто така содржат 25г протеин на 100г, што е повисока количина од многу јатки.
Протеин од сурутка
Протеинот од сурутка е природна состојка, мешавина од бета-лактоглобулин, алфа-лактоалбумин, албумин и имуноглобулини. Бенефициите вклучуваат редукција на тежина, регулација на холестеролот и синтеза на мускулна маса.
Соја снегулки
Соја снегулките се подготвени од соја зрна со процесот на кршење, лупење, пресување, екстракција и тостирање. Тие се без холестерол, лесно варливи и нискомаслени. Ги содржат сите аминокиселини.
Чоколадо
Чоколадото е десерт направен од какао зрна. Богат е со минерали, масти и јаглехидрати. Посебно е корисен бидејќи содржи полифеноли и ендорфини, кои го подобруваат расположението и го накачуваат серотонинот.
Киноа
Киноата, исто така наречена "мајка на сите зрна", ги содржи сите есенцијални аминокиселини и е одличен извор на манган и фосфор, како и диетални влакна, фолна киселина и диетални минерали. Природно без глутен.
