Гранола без додаден шеќер со кокос и лешник

darkchocolate, tasty, nutritious, nosugaradded, healthyliving,

Вкусен нутритивен микс од целозрнест овес, листови кокос и златни лешници,надополнето со слатко-горчливо темно чоколадо за посебно утринско задоволство исполнето со насмевки.

Кол

Share

Facebook

Веќе е докажано дека „Појадокот е најважниот оброк од денот и не треба да се прескокнува“, бидејќи носи здравствени придобивки, зголемување на нивото на енергија и подобрување на расположението во текот на денот.

Ние сме цврсто уверени во оваа теорија , и од 1993, со нашата енергија, креативност и истражување сме фокусирани во создавање на најдобрите жита за појадок.

Го посветивме нашето време и љубов да ја направиме оваа совршено крцкава и печена гранола, истовремено исклучувајќи ги сите додадени шеќери за да можете вие и вашите најблиски да имате комплетно „guilt frее“ искуство.
Вкусен нутритивен микс од целозрнест овес, листови кокос и златни лешници,надополнето со слатко-горчливо темно чоколадо за посебно утринско задоволство исполнето со насмевки.

  • Без додаден шеќер
  • ВЕГАН/ПОСНО
  • Високо количество на растителни влакна
  • Содржи супер храна чиа

Гранола – како да ја консумирате?
Потопете ја содржината од ќесичката (60g) во Виталиа растителни напитоци, јогурт, кефир, млеко или консумирајте ја самостојно - како крцкава закуска!
* Само една порција Гранола дневно како дел од добро избалансирана исхрана и здрав начин на живот помага да се постигне посакуваниот здравствен ефект.

Состав:

овесни снегулки, засладувачи: сорбитол и стевиол гликозиди, малтодекстрин, растително масло (палмино и канола), олигофруктозен сируп, темно чоколадо со стевиа 2% (засладувачи: изомалт и стевиол гликозид, какао путер, какао маса, какао во прав, емулгатор Е476, арома), кокос 2%, лешник 2%, чиа семе, какао во прав, емулгатор: соја лецитин, готварска сол, арома. Чоколадото содржи мин. 50% какао делови.

Алергени:

Содржи соја, глутен и лешник. Може да содржи траги од сусам, кикирики и останато јаткасто овошје.

<

Нутритивна вредност100 g
Енергија1827КЈ/434kcal
Масти13 g
од кои заситени7 g
Јаглехидрати65 g
од кои шеќери8.5 g
Влакна10 g
Протеини9.3 g
Сол0.3 g
10g

"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"


9.3g

"ПРОТЕИНИ"


8.5g

"ШЕЌЕРИ"


Овесни снегулки

Овесни снегулки се нутритивни, разновидни компоненти на овесни каши и мусли. Тие содржат протеини, растителни влакна, витамини и други нутритиенти кои промовираат добра дигестија и оптимално здравје.

Кокос

Кокосот доаѓа од тропските региони каде што е користен за месестиот дел и кокосовата вода. Богат е со лаурична киселина и содржи растителни влакна и минерали, особено калиум.

Темно чоколадо

Чоколадото е десерт направен од какао зрна. Богат е со минерали, масти и јаглехидрати. Посебно е корисен бидејќи содржи полифеноли и ендорфини, кои го подобруваат расположението и го зголемуваат серотонинот.

Лешник

Лешниците содржат голема количина на протеин, растителни влакна, витамин Е, тиамин, фосфор, манган и магнезиум. Овие хранливи материи носат бенефити како што е зајакнвуање на коските и одржување на нервниот систем.

Чиа семе

Чиа семето е античка суперхрана богата со омега-3 масни киселини, Б витамини и минерали. Тие се екстремно корисни за менаџмент на тежината и метаболизмот на мастите.