Гранола без додаден шеќер со црвено овошје

tasty, nutritious, nosugaradded, healthyliving, whitechocolate, red fruit,

Вкусна мешавина од целозрнест овес, слатко-кисела малина и капина, надополнета со уникатен вкус на бело чоколадо. Започнете го денот со гранола мусли за позитивни мисли и ароматична одисеја.

Кол

Share

Facebook

Веќе е докажано дека „Појадокот е најважниот оброк од денот и не треба да се прескокнува“, бидејќи носи здравствени придобивки, зголемување на нивото на енергија и подобрување на расположението во текот на денот.

Ние сме цврсто уверени во оваа теорија , и од 1993, со нашата енергија, креативност и истражување сме фокусирани во создавање на најдобрите жита за појадок.
Го посветивме нашето време и љубов да ја направиме оваа совршено крцкава и печена гранола, истовремено исклучувајќи ги сите додадени шеќери за да можете вие и вашите најблиски да имате комплетно „guilt frее“ искуство.

Вкусна мешавина од целозрнест овес, слатко-кисела малина и капина, надополнета со уникатен вкус на бело чоколадо. Започнете го денот со гранола мусли за позитивни мисли и ароматична одисеја.

  • Без додаден шеќер
  • ПОСНО/ВЕГАН
  • Високо количество на растителни влакна
  • Содржи супер храна киноа

Гранола – како да ја консумирате?
Потопете ја содржината од ќесичката (60g) во Виталиа растителни напитоци, јогурт, кефир, млеко или консумирајте ја самостојно - како крцкава закуска!
* Само една порција Гранола дневно како дел од добро избалансирана исхрана и здрав начин на живот помага да се постигне посакуваниот здравствен ефект.
* Само една порција Гранола дневно како дел од добро избалансирана исхрана и здрав начин на живот помага да се постигне посакуваниот здравствен ефект.

Состав:

овесни снегулки, засладувач: сорбитол и стевиол гликозиди, малтодекстрин, растително масло (палмино и канола), олигофруктозен сируп, киноа снегулки, парчиња со вкус на бело чоколадо со стевиа 3% (засладувачи: малтитол и стевиол гликозид, какао путер, соја протеин, емулгатор: соја лецитин, арома), корнфлекс (пченкарен гриз, инулин, екстракт од јачменов слад, готварска сол), сушено црвено овошје 1% (малина, капина), емулгатор: соја лецитин, готварска сол, регулатор на киселост: лимонска киселина, арома.

Алергени:

Производот содржи глутен и соја. Може да содржи траги од сусам, јаткасто овошје и кикирики

Нутритивна вредност100 g
Енергија1760КЈ/420kcal
Масти13.5 g
од кои заситени6.5 g
Јаглехидрати60.6 g
од кои шеќери9 g
Влакна10 g
Протеини9 g
Сол0.3 g
10g

"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"


9g

"ПРОТЕИНИ"


9g

"ШЕЌЕРИ"


Овесни снегулки

Овесни снегулки се нутритивни, разновидни компоненти на овесни каши и мусли. Тие содржат протеини, растителни влакна, витамини и други нутритиенти кои промовираат добра дигестија и оптимално здравје.

Стевиа

Стевиа е екстракт од растението Stevia rebaudiana. Има ниска калорична вредност и е погодна за дијабетичари, со два пати поголема сладост од шеќерот

Капина

Капините имаат сладок вкус и нудат мнозинство на здравствени бенефити. Богати се со антиоксиданти и се одличен извор на витамин А, Ц и К кои го штитат имунитетот.

Бело чоколадо

Белото чоколадо е дериват од млечното чоколадо. Се состои од какао путер, шеќер и млеко и се карактеризира со бледо жолта боја.

Малина

Има свеж вкус, хармоничен баланс од слатко и горчливо. Богат извор на антиоксидантни, влакна и витамин Ц, кој го промовира формирањето на колагенот.

Киноа снегулки

Секое зрно киноа се пресира за да се формираат снегулки. Тоа значи дека снегулките ги имаат истите високонутритивни карактеристики на киноата: без глутен, есенцијални аминокиселини и полни со растителни влакна.