Протеинска Овесна Каша со лешник и бело чоколадо

tasty, healthy, energyboost, instant, vitality, proteinpacked, vegetarian,

Барате нешто брзо, вкусно, здраво и истовремено практично за појадок? Новите овесни каши од Виталиа се подготвуваат за 2 минути со малку млеко, вода или јогурт и многу уживање.

Кол

Share

Facebook

Започнете го денот со добар извор на протеини. Зачувавме сè што ги прави нашите оригинални овесни каш посебна и додадовме протеин од сурутка за да создадеме декадентен појадок полн со хранливи материи. Крцкави лешници и целозрнест овес во комбинација со слатки парчиња бело чоколадо се топат во секој залак.

Следејќи го трендот на купувачите за консумирање на протеинска храна со намалена количина шеќери, нашата протеинската линија од барови и мусли ја збогативме со овесна каша, со само 1g шеќер во порција, популарен оброк и вистинска додадена вредност за категоријата.

  • Ниско количество на шеќери
  • Извор на протеини
  • Извор на растителни влакна


Овесот е зрно со неверојатни карактеристики што содржи линија на хранливи материи важни за растот, градењето и заштитата на човечкото тело. Овесот од цели зрна е богат со протеини, витамини (витамини Б, витамини К, Е, Д и провитамин А), минерали (калциум, фосфор, калиум, железо, бакар, цинк, манган и натриум) и есенцијални аминокиселини кои го стимулираат формирањето на црвени крвни клетки. Претставува најбогат природен извор на растителни влакна, растворливи и нерастворливи, што придонесува за подобро функционирање на дигестивниот тракт и достигнување здрава телесна тежина. Овесот е исто така важен затоа што го стимулира лачењето на серотонин - „хормонот на среќата“. Ја подобрува концентрацијата, работниот капацитет и влијае на добро расположение.

Употреба: Лесна и брза подготовка. Потопете ја целата содржина (60 g) во 120 ml млеко или јогурт и оставете ја 2 минути.

Состав:

овесни снегулки 65%, протеин од сурутка 17%, засладувач: малтитол, парчиња со вкус на бело чоколадо со стевиа 3%, (засладувачи: малтитол и стевиол гликозиди, какао путер, соја протеин, емулгатор: соја лецитин, арома), лешник 2%, растителни влакна од грашок, средство за желирање: пектин, урма во прав, пченкарен скроб, oлигофруктоза, ленено семе, арома, готварска сол.

Алергени:

Производот содржи глутен, млеко, лешник и соја. Може да содржи траги од сусам, останато јаткасто овошје и кикирики

Нутритивна вредност100 g
Енергија1693 KJ/403kcal
Масти10.2 g
од кои заситени3.0 g
Јаглехидрати50.0 g
од кои шеќери2.0 g
Влакна9.0 g
Протеини23.3 g
Сол0.6 g
2.0 g

Шеќери


23.3 g

Протеини


9.0 g

Растителни Влакна


Овесни снегулки

Овесни снегулки се нутритивни, разновидни компоненти на овесни каши и мусли. Тие содржат протеини, растителни влакна, витамини и други нутритиенти кои промовираат добра дигестија и оптимално здравје.

Стевиа

Стевиа е екстракт од растението Stevia rebaudiana. Има ниска калорична вредност и е погодна за дијабетичари, со два пати поголема сладост од шеќерот

Лешник

Лешниците содржат голема количина на протеин, растителни влакна, витамин Е, тиамин, фосфор, манган и магнезиум. Овие хранливи материи носат бенефити како што е зајакнвуање на коските и одржување на нервниот систем.

Бело чоколадо

Белото чоколадо е дериват од млечното чоколадо. Се состои од какао путер, шеќер и млеко и се карактеризира со бледо жолта боја.

Протеин од сурутка

Протеинот од сурутка е природна состојка, мешавина од бета-лактоглобулин, алфа-лактоалбумин, албумин и имуноглобулини. Бенефициите вклучуваат редукција на тежина, регулација на холестеролот и синтеза на мускулна маса.