Гранола без додаден шеќер со бадем и бело чоколадо

tasty, nutritious, almond, nosugaradded, healthyliving, whitechocolate,

Испратете ги вашите сетила во фантазија од целозрнест овес, крцкави бадеми и тостирани листови кокос. Совршена комбинација за вашата следна авантура од вкусови и енергија.

Кол

Share

Facebook

Веќе е докажано дека „Појадокот е најважниот оброк од денот и не треба да се прескокнува“, бидејќи носи здравствени придобивки, зголемување на нивото на енергија и подобрување на расположението во текот на денот.

Ние сме цврсто уверени во оваа теорија , и од 1993, со нашата енергија, креативност и истражување сме фокусирани во создавање на најдобрите жита за појадок.
Го посветивме нашето време и љубов да ја направиме оваа совршено крцкава и печена гранола, истовремено исклучувајќи ги сите додадени шеќери за да можете вие и вашите најблиски да имате комплетно „guilt frее“ искуство.
Испратете ги вашите сетила во фантазија од целозрнест овес, крцкави бадеми и тостирани листови кокос. Совршена комбинација за вашата следна авантура од вкусови и енергија.

  • Без додаден шеќер
  • Високо количество на растителни влакна
  • Содржи супер храна киноа

Гранола – како да ја консумирате?
Потопете 4 супени лажици (55g) во Виталиа растителни напитоци, јогурт, кефир, млеко или консумирајте ја самостојно - како крцкава закуска!
* Само една порција Гранола дневно како дел од добро избалансирана исхрана и здрав начин на живот помага да се постигне посакуваниот здравствен ефект.

Состав:

овесни снегулки, засладувач: сорбитол, малтодекстрин, растително масло (канола), олигофруктозен сируп, бело чоколадо со стевиа (засладувачи: изомалт и стевиол гликозид, какао путер, млеко обрано во прав, емулгатор Е476, арома), кокос 2%, бадем, пченкарни снегулки, киноа снегулки, емулгатор: соја лецитин, готварска сол, засладувач стевиол гликозид, арома. Чоколадото содржи мин. 30% суви материи на млеко

Алергени:

Содржи соја, глутен, млеко и бадем. Може да содржи траги од сусам и кикирики

Нутритивна вредност100 g
Енергија2033КЈ/484kcal
Масти19.6 g
од кои заситени7 g
Јаглехидрати60 g
од кои шеќери8 g
Влакна10 g
Протеини12 g
Сол0.4 g
10g

"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"


12g

"ПРОТЕИНИ"


8g

"ШЕЌЕРИ"


Овесни снегулки

Овесни снегулки се нутритивни, разновидни компоненти на овесни каши и мусли. Тие содржат протеини, растителни влакна, витамини и други нутритиенти кои промовираат добра дигестија и оптимално здравје.

Кокос

Кокосот доаѓа од тропските региони каде што е користен за месестиот дел и кокосовата вода. Богат е со лаурична киселина и содржи растителни влакна и минерали, особено калиум.

Стевиа

Стевиа е екстракт од растението Stevia rebaudiana. Има ниска калорична вредност и е погодна за дијабетичари, со два пати поголема сладост од шеќерот

Пченкарни снегулки

Пченкарните снегулки се житарки добиени со процесирање на снегулките од пченка. Богати се со јаглехидрати, протеини, магнезиум и железо, витамин Б 12, Б6 како и витамин Д и А.

Бадеми

Бадемот е нутритивно богата јатка и е одличен извор на Б витаминхи, Е и минералите калциум, бакар, железо и цинк. Содржи омега -3 масни киселини кои помагаат во регулација на холестеролот.

Бело чоколадо

Белото чоколадо е дериват од млечното чоколадо. Се состои од какао путер, шеќер и млеко и се карактеризира со бледо жолта боја.

Киноа снегулки

Секое зрно киноа се пресира за да се формираат снегулки. Тоа значи дека снегулките ги имаат истите високонутритивни карактеристики на киноата: без глутен, есенцијални аминокиселини и полни со растителни влакна.

Млеко

Млекото е бела, високонутритивна течност која произлегува од млечните жлезди на цицачите. Богато е со калциум, комплетен протеин и други нутритиенти како Б витамини. Има висока биорасположивост.