Гранола без додаден шеќер со лешник и темно чоколадо

darkchocolate, tasty, nutritious, nosugaradded, healthyliving,

Вкусен нутритивен микс од целозрнест овес, листови кокос и златни лешници,надополнето со слатко-горчливо темно чоколадо за посебно утринско задоволство исполнето со насмевки.

Кол

Share

Facebook

Веќе е докажано дека „Појадокот е најважниот оброк од денот и не треба да се прескокнува“, бидејќи носи здравствени придобивки, зголемување на нивото на енергија и подобрување на расположението во текот на денот.

Ние сме цврсто уверени во оваа теорија , и од 1993, со нашата енергија, креативност и истражување сме фокусирани во создавање на најдобрите жита за појадок.

Го посветивме нашето време и љубов да ја направиме оваа совршено крцкава и печена гранола, истовремено исклучувајќи ги сите додадени шеќери за да можете вие и вашите најблиски да имате комплетно „guilt frее“ искуство.
Вкусен нутритивен микс од целозрнест овес, листови кокос и златни лешници,надополнето со слатко-горчливо темно чоколадо за посебно утринско задоволство исполнето со насмевки.

  • Без додаден шеќер
  • ВЕГАН/ПОСНО
  • Високо количество на растителни влакна
  • Содржи супер храна чиа

Гранола – како да ја консумирате?
Потопете 4 супени лажици (55g) во Виталиа растителни напитоци, јогурт, кефир, млеко или консумирајте ја самостојно - како крцкава закуска!
* Само една порција Гранола дневно како дел од добро избалансирана исхрана и здрав начин на живот помага да се постигне посакуваниот здравствен ефект.

Состав:

овесни снегулки, засладувач: сорбитол, малтодекстрин, олигофруктозен сируп, растително масло (канола), темно чоколадо со стевиа (засладувачи: изомалт и стевиол гликозид, какао путер, какао маса, какао во прав, емулгатор Е476, арома), кокос, лешник, чиа семе, какао во прав, емулгатор: соја лецитин, готварска сол, засладувач стевиол гликозид, арома. Чоколадото содржи мин. 50% какао делови

Алергени:

Содржи соја, глутен и лешник. Може да содржи траги од сусам, кикирики и млеко

<

Нутритивна вредност100 g
Енергија2012КЈ/480kcal
Масти18.9 g
од кои заситени6 g
Јаглехидрати60 g
од кои шеќери8.1 g
Влакна10 g
Протеини12.3 g
Сол0.3 g
10g

"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"


12.3g

"ПРОТЕИНИ"


8g

"ШЕЌЕРИ"


Овесни снегулки

Овесни снегулки се нутритивни, разновидни компоненти на овесни каши и мусли. Тие содржат протеини, растителни влакна, витамини и други нутритиенти кои промовираат добра дигестија и оптимално здравје.

Кокос

Кокосот доаѓа од тропските региони каде што е користен за месестиот дел и кокосовата вода. Богат е со лаурична киселина и содржи растителни влакна и минерали, особено калиум.

Темно чоколадо

Чоколадото е десерт направен од какао зрна. Богат е со минерали, масти и јаглехидрати. Посебно е корисен бидејќи содржи полифеноли и ендорфини, кои го подобруваат расположението и го зголемуваат серотонинот.

Стевиа

Стевиа е екстракт од растението Stevia rebaudiana. Има ниска калорична вредност и е погодна за дијабетичари, со два пати поголема сладост од шеќерот

Лешник

Лешниците содржат голема количина на протеин, растителни влакна, витамин Е, тиамин, фосфор, манган и магнезиум. Овие хранливи материи носат бенефити како што е зајакнвуање на коските и одржување на нервниот систем.

Чиа семе

Чиа семето е античка суперхрана богата со омега-3 масни киселини, Б витамини и минерали. Тие се екстремно корисни за менаџмент на тежината и метаболизмот на мастите.

Какао

Какаото содржи неколку минерали, вклучувајќи калциум, бакар, магнезиум, фосфор, калиум, натриум и цинк. Сите овие минерали се наоѓаат во поголеми количини и носат специфични нутритивни бенефиции.