Имуно пакет – Bronho Protect

immunity, healthy living, maintenance, vitaliahealthyfood, fightingtheinvisiblefight,

Силен и функционален имунолошки систем е камен-темелник на добро здравје, основа за успешна борба против болестите и инфекциите. За одржување на имунитетот потребна е разновидна храна што обезбедува природно изобилство на витамини, минерали и фитонутриенти – состојки кои делуваат заедно во одржување висок имунитет и отпорност на организмот.

Кол

Share

Facebook

Силен и функционален имунолошки систем е камен-темелник на добро здравје, основа за успешна борба против болестите и инфекциите. За одржување на имунитетот потребна е разновидна храна што обезбедува природно изобилство на витамини, минерали и фитонутриенти – состојки кои делуваат заедно во одржување висок имунитет и отпорност на организмот. Затоа, изберете Имуно пакет Bronho Protect и уживајте во енергијата и нутритивното богатство, истовремено одржувајќи здрав и силен организам.

АПИБРОНХИ - медниот сируп е природен препарат подготвен од висококвалитетен мед во комбинација со лековитите билки: мајчина душичка, камилица, бозел, оригано и липа. Ваквата комбинација на мед и лековити билки има исклучително позитивно и заштитно влијание врз организмот при воспаление на горните дишни патишта. Петте лековити билки: мајчина душица, камилица, бозел, оригано и липа, се познати по своето благотворно дејство на дишните патишта и традиционално се користат во превенцијата и ублажување на симптомите од различни заболувања на дишните органи: бронхитис, трахеит, грип и настинка.
Бројните активни материи во овие билки, посебно флавонските и флавонолните гликозиди, етеричните масла и други, ја ублажуваат кашлицата, го олеснуваат искашлувањето на слузот и дејствуваат антивоспалително и антисептички на горните дишни патишта.
Начин на употреба: Три до пет пати дневно по една супена лажица пред јадење.

Јаболковиот оцет претставува природен производ добиен со ферментација на непрскани јаболка без додавање вештачки состојки. Дел од здравствените бенефити вклучуваат заштита против инфекции, олеснување на болките во грлото и намалување на симптомите од грип и настинка.
Лек со јаболков оцет: 2 лажици јаболков оцет, 150мл млака вода, 1 лажица мед. Да се консумира секое утро по будење.

Зелениот чај и неговото благотворно дејство за човечкиот организам биле познати уште пред 3000 години.Содржи изобилство на полифеноли – активни супстанци кои носат здравствени бенефити и имаат голема антиоксидантна моќ. Докажано е дека овие супстанци стимулираат производство на регулаторни Т клетки кои играат клучна улога во функцијата на имунитетот и неговата активност.
Начин на подготовка: Се става 1 лажичка зелен чај во 250мл. врела вода, се остава да стои три минути, па се процедува и се пие секогаш свежо подготвен.

4 мелени семиња се балансирана мешавина од: тиква, сончоглед, лен и интегрален сусам. Природно е богата со диетални влакна, железо, витамин Б1, калциум, магнезиум и фосфор. Редовното консумирање на “4 мелени семиња” позитивно влијае на дигестијата, намалување на холестеролот и одржување на имуниот систем.