Имуно пакет – Pandemic Special

immunity, healthy living, maintenance, vitaliahealthyfood, fightingtheinvisiblefight,

Силен и функционален имунолошки систем е камен-темелник на добро здравје, основа за успешна борба против болестите и инфекциите. За одржување на имунитетот потребна е разновидна храна што обезбедува природно изобилство на витамини, минерали и фитонутриенти – состојки кои делуваат заедно во одржување висок имунитет и отпорност на организмот.

Кол

Share

Facebook

Силен и функционален имунолошки систем е камен-темелник на добро здравје, основа за успешна борба против болестите и инфекциите. За одржување на имунитетот потребна е разновидна храна што обезбедува природно изобилство на витамини, минерали и фитонутриенти – состојки кои делуваат заедно во одржување висок имунитет и отпорност на организмот. Затоа, изберете Имуно пакет Pandemic Special и уживајте во енергијата и нутритивното богатство, истовремено одржувајќи здрав и силен организам.

Бронховитот е 100% природен производ подготвен од малтекс- јачменов слад, соин лецитин, екстракт и етерични масла од лековити растенија: нане, мајчина душица, бозел, камилица, шипка, липа. Богатството од природни состојки го прават Бронховит енергетски и нутритивно извонредно избалансиран додаток во исхраната кој го зајакнува организмот. Малтексот и екстрактите од лековитите растенија ги штитат органите за дишење, ја ублажуваат кашлицата го олеснуваат искашлувањето и делуваат антивоспалително и антисептички на горните дишни патишта кај пушачите како и во случај на настинка, грип или бронхит.
Употреба: за деца 2-3 мали лажички, а за возрасни 2-3 големи лажици дневно. Бронховитот може да се користи како додаток во чај или млеко за засладување и подобрување на вкусот на напитокот.

Ѓумбирот претставува ароматичен зачин и природен лек против широк спектар на заболувања. Гингеролот присутен во ѓумбирот ја подобрува циркулација и го поттикнува согорувањето на мастите и калориите, со тенденција да Ве згрее и да Ве ослободи од вишокот килограми.Исто така се користи како лек против главоболки, настинки и болки во желудник. Ја подобрува менталната будност, перцепцијата, помнењето, има антикоагулантно дејство и го олеснува дишењето и искашлувањето.
Ѓумбирот се консумира како чај за загревање или како вкусен зачин во варива и супи. Чајот од ѓумбир се подготвува мошне едноставно: ½ кафено лажиче ѓумбир во прав се прелева со 150 мл врела вода, се остава да стои 15 минути, се процедува и пие голтка по голтка 2- 3 пати во денот.

Тахебо чајот го зајакнува и балансира имунолошкиот систем и делува во превенцијата на широк спектар на заболувања . Исто така моќ на детоксификација (прочистување) на организмот, ја подобрува циркулацијата на крвта, поволно делува на нервниот систем и помага при несоница и вознемиреност.
Подготвување и дозирање: Во 1 литар зовриена вода се додаваат 3-4 кафени лажички од Тахебо чајот на Виталиа. Се остава да врие 3-5 минути, потоа се намалува огнот и се вари на тивко уште 15 минути. Се процедува во неметален сад и се пие во текот на денот. Препорачлива доза: 1 литар дневно.

Медот со прополис е специјално дизајниран производ, со уникатен вкус и пријатна арома, при што се чуваат сите дополнителни хранливи материи. Многубројни научни истражувања докажуваат дека прополисот има имуностимулирачки ефект и дека помага во активација на имуниот систем во период на вируси и настинки. Дополнително , има антибактериски и антиинфламаторни својства.

4 мелени семиња се балансирана мешавина од: тиква, сончоглед, лен и интегрален сусам. Природно е богата со диетални влакна, железо, витамин Б1, калциум, магнезиум и фосфор. Редовното консумирање на “4 мелени семиња” позитивно влијае на дигестијата, намалување на холестеролот и одржување на имуниот систем.