За спортски активните лица, но и за оние што уживаат во вкусна протеинска ужина создадовме протеински барови во три атрактивни вкусови со 35% протеин и високо количество на растителни влакна.
Протеините се од суштинско значење за растот и развојот на организмот. Тие се добар извор на енергија, помагаат во градење и одржување на мускулна маса и контрола на телесната тежина, затоа нашите протеински барови се идеален избор за секој животен стил.
Протеин барот со кикирики и бело чоколадо е идеален за најстраствените љубители на путер од кикирики надополнет со суптилниот вкус на белото чоколадо. Хармонија на задоволства за комплетно уживање во оброкот.
Практична ужина за современите и активни индивидуи кои се секогаш во брзање и on-the-go. 30g протеинскиот бар го одржува организмот сит и задоволен долг период од денот.
Протеински бар со путер од кикирики и бело чоколадо
proteinrich, peanutbutter, whitechocolate,Протеин барот со кикирики и бело чоколадо е идеален за најстраствените љубители на путер од кикирики надополнет со суптилниот вкус на белото чоколадо. Хармонија на задоволства за комплетно уживање во оброкот.
Состав:
соја екструдат, бело чоколадо со стевиа 25%(засладувачи: изомалт и стевиол гликозид, какао путер, млеко обрано во прав, емулгатор Е476, арома), соја снегулки, олигофруктозен сируп, јачменов слад, путер од кикирики 8%, канола масло, млеко обрано во прав, омекнувач:глицерол, сорбитол, готварска сол, боја карамел, арома. Чоколадото содржи мин. 30% суви материи на млеко.
Алергени:
производот содржи соја, глутен и млеко. Може да содржи траги од сусам, кикирики и јаткасти плодови.
| Нутритивна вредност | 100 g/r |
|---|---|
| Енергија | 1933kJ /462kcal |
| Масти | 23 g |
| од кои заситени | 11.8 g |
| Јаглехидрати | 30.3 g |
| од кои шеќери | 15 g |
| Влакна | 6.2 g |
| Протеини | 35 g |
| Сол | 0.6g |
"ПРОТЕИНИ"
"ШЕЌЕРИ"
"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"
Јачменов слад
Јачменовиот слад е нерафиниран засладувач процесиран од екстракција од ртен јачмен, кој содржи 65%малтоза, 30% комплексни јаглехидрати и 3% протеин.
Бело чоколадо
Белото чоколадо е дериват од млечното чоколадо. Се состои од какао путер, шеќер и млеко и се карактеризира со бледо жолта боја.
Соја снегулки
Соја снегулките се подготвени од соја зрна со процесот на кршење, лупење, пресување, екстракција и тостирање. Тие се без холестерол, лесно варливи и нискомаслени. Ги содржат сите аминокиселини.
Млеко
Млекото е бела, високонутритивна течност која произлегува од млечните жлезди на цицачите. Богато е со калциум, комплетен протеин и други нутритиенти како Б витамини. Има висока биорасположивост.
