RAW BAR со урма, кокос и какао

tasty, thesmartchoice, healthysnack, vitaminrich, raw4love, plant-based,

Продлабочете го искуството со какаото во својата најсирова форма. Крцкаво и мазно, комплетно искушение. Сировите какао зрна, слатките урми и уникатниот кокосов вкус ќе ве одведат во земјата на длабоко и здраво задоволство.

Кол

Share

Facebook

Продлабочете го искуството со какаото во својата најсирова форма. Крцкаво и мазно, комплетно искушение. Сировите какао зрна, слатките урми и уникатниот кокосов вкус ќе ве одведат во земјата на длабоко и здраво задоволство.

Минимална термичка обработка и 100% природни состојки!

Урмата се смета за едно од најздравите овошја во светот, не само поради слаткиот вкус, туку поради и изобилството на нутритиенти. Урмата е посебно богата со железо, 100г урми содржат 90мг на железо, што е 11% од дневните препорачани вредности. Урмата е исто така богата со витамин Б6 што влијае позитивно врз расположението и лачењето на серотонин.

Какао зрното содржи полифеноли – теобромин кој е стимуланс на централниот нервен систем кој има еднакво влијание на енергијата како и кофеинот. Какаото содржи аминокиселина триптофан кој произведува серотонин. Зголеменото ниво на серотонин во организмот позитивно влијае на расположението и ги ублажува симптомите на анксиозност. Какаото е богат извор на флавонол, моќен антиоксиданс кој е важен за добрата циркулација.

Кокосот спаѓа во функционална храна поради изобилството на растителни влакна, витамини и минерали.
Уживајте во слатка и здрава ужина секој период од денот!

  • ВЕГАН
  • Без глутен
  • Без додаден шеќер
  • Без грижа на совест
  • Без размислување

Состав:

урма, кокос 26%, какао во прав 6%

Алергени:

Може да содржи трагови од јаткасто овошје.

Нутритивна вредност100 g
Енергија1684kJ/402kcal
Масти14.9 g
од кои заситени13 g
Јаглехидрати57.2 g
од кои шеќери48 g
Влакна8.4 g
Протеини5.7 g
Сол0,5 g
Глутен20 mg/kg
5.7g

"ПРОТЕИНИ"


8.4g

"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"


13g

"ЗАСИТЕНИ МАСТИ"


Кокос

Кокосот доаѓа од тропските региони каде што е користен за месестиот дел и кокосовата вода. Богат е со лаурична киселина и содржи растителни влакна и минерали, особено калиум.

Урми

Урмите имаат одличен нутритивен профил. Тие се богати со растителни влакна и се одличен извор на витамин Б6, калиум, магнезиум, бакар, манган, железо. Овие нутритиенти помагаат во превенцијата на анемија.

Какао

Какаото содржи неколку минерали, вклучувајќи калциум, бакар, магнезиум, фосфор, калиум, натриум и цинк. Сите овие минерали се наоѓаат во поголеми количини и носат специфични нутритивни бенефиции.