Овесни крекери со мешан зеленчук и семки од тиква

tasty, healthy, nutritious, snack, omega3,

Моќта на овесот преточена во Овесни солени крекери, здрава замена за високо калоричните грицки – овесни солени крекери со мешан зеленчук и семки од тиква. Оригинална и вкусна фузија од 35% овесни снегулки во комбинација со интегрални жита- пченица, пченка и ориз.

Кол

Share

Facebook

Барате вкусна солена ужина, како алтернатива на високалоричните грицки кои содржат големо количество на сол и заситени масти?
Побарајте ги новите овесни крекери од Виталиа со 35% овесни снегулки.

Направени од 100% природни состојки со балансиран нутритивен профил ( овесни снегулки, семки од интегрален сусам и лен) кои претставуваат природен извор на растителни влакна и омега-3 масни киселини кои позитивно влијаат на дигестијата, а воедно и на функцијата на кардиоваскуларниот систем.

  • Високо количество на растителни влакна
  • Посно/Веган
  • 0% брашно
  • Извор на протеин
  • со Хималајска сол


Хранлива и здрава ужина за било кој дел од денот, за сите кои се хранат здраво и практикуваат здрав начин на живот.

Состав:

овесни снегулки, растително масло (палмино), ленено семе, екструдиран ориз, компиров скроб, гликозен сируп, екстракт од јачменов слад, соја протеин, хималајска сол, семки од тиква 1%, домат во прав, кромид во прав, арома.

Алергени:

Содржи глутен и соја. Може да содржи траги од јаткасто овошје.

Нутритивна вредност100g
Енергија1881kJ /448kcal
Масти22 g
од кои заситени 7.4 g
Јаглехидрати41.7 g
од кои шеќери 5.7 g
Влакна16.3 g
Протеини12.6 g
Сол1.4 g
5.7g

"ШЕЌЕРИ"


12.6g

"ПРОТЕИНИ"


16.3g

"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"


Овесни снегулки

Овесни снегулки се нутритивни, разновидни компоненти на овесни каши и мусли. Тие содржат протеини, растителни влакна, витамини и други нутритиенти кои промовираат добра дигестија и оптимално здравје.

Семки од тиква

Семките од тиква се идеален додаток на секој оброк, посебно се богати до цинк и манган, кои одржуваат оптимално здравје, помагаат во заздравување на рани и подобруваат когнитивни функции

Ленено семе

Лененото семе содржи високо ниво на протеин, растителни влакна, неколку Б витамини и минерали. Претставува одличен додаток во салата, мусли и барови нудејќи омега-3 масни киселини.

Домат

Доматот е нискокалоричен плод, кој содржи изобилство на витамини, минерали и фитонутриенти. Она што го прави посебен е присуството на ликопен, соединение кое може да предизвика апоптоза на малигни клетки.