Ѓумбирот претставува ароматичен зачин и природен лек против широк спектар на заболувања. Доколку сакате преку храната да го згреете телото и да ја подобрите циркулацијата препорачливо е да го пробате ѓумбирот и тоа консумирајќи напиток или грицкајќи коцки од ѓумбир.
Гингеролот присутен во ѓумбирот ја подобрува циркулација и го поттикнува согорувањето на мастите и калориите, со тенденција да Ве згрее и да Ве ослободи од вишокот килограми.
Истотака се користи како лек против главоболки, настинки и болки во желудник. Ја подобрува менталната будност, перцепцијата, помнењето, има антикоагулантно дејство и го олеснува дишењето и искашлувањето.
Ѓумбирот се конзумира како чај за загревање или како вкусен зачин во варива и супи. Чајот од ѓумбир се подготвува мошне едноставно: ½ кафено лажиче ѓумбир во прав се прелева со 150 мл врела вода, се остава да стои 15 минути, се процедува и пие голтка по голтка 2- 3 пати во денот.
Ѓумбир во прав
healthy, detox, drinkpowder,Ѓумбирот претставува ароматичен зачин и природен лек против широк спектар на заболувања. Доколку сакате преку храната да го згреете телото и да ја подобрите циркулацијата препорачливо е да го пробате ѓумбирот и тоа консумирајќи напиток или грицкајќи коцки од ѓумбир.
Состав:
Ѓумбир во прав
Алергени:
Може да содржи траги од глутен, јаткасти плодови и соја.
| Нутритивна вредност | 100g |
|---|---|
| Енергија | 1453KJ/347Kcal |
| Протеини | 9g |
| Јаглехидрати | 71g |
| од кои шеќери | / |
| Масти | 6g |
| од кои заситени | / |
| Влакна | / |
| Натриум | / |
"ПРОТЕИНИ"
"ШЕЌЕРИ"
"ЗАСИТЕНИ МАСТИ"
Ѓумбир
Ѓумбирот е корен кој се користи како зачин. Содржи умерени количини на витамин Б6 и магнезиум и манган. Познат е по стимулација на метаболизмот и мнозинство здравствени бенефити.
