Зелен чај жен-шен

healthylifestyle, refreshing, hydrating, sipofenergy,

При промена на годишните времиња, кога организмот треба да се адаптира на новите климатски услови, најдобро ќе Ви помогне комбинацијата од Зелен чај со Жен Шен збогатен со цвет од роза од палетата на Виталиа. Жен Шен или гинсенгот е билка, а од неа се употребува само коренот кој по својот изглед, потсетува на фигура од човек. Има специфичен мирис и нагорчлив вкус. Коренот содржи тритерпенски сапонозиди наречени панаксозиди, витамини од Б групата, како и супстанции со хормонски својства, смоли, минерални материи и етерско масло.

Кол

Share

Facebook

При промена на годишните времиња, кога организмот треба да се адаптира на новите климатски услови, најдобро ќе Ви помогне комбинацијата од Зелен чај со Жен Шен збогатен со цвет од роза од палетата на Виталиа. Жен Шен или гинсенгот е билка која живее и до 100 години, а од неа се употребува само коренот кој по својот изглед, потсетува на фигура од човек. Има специфичен мирис и нагорчлив вкус. Коренот содржи тритерпенски сапонозиди наречени панаксозиди, витамини од Б групата, како и супстанции со хормонски својства, смоли, минерални материи и етерско масло. Коренот на Жен Шенот е едно од најценетите природни лековити средства во традиционалната медицина. Дејствата на Жен Шенот се многубројни, па затоа се нарекува еликсир на животот и лек за сите болести.

Кои се неговите лековити својства?

  • Корисен е во контрола на процесот на стареење и зачувување на виталноста
  • Особено е полезен при промена на годишните времиња, кога организмот треба да се адаптира на новите климатски услови
  • Е ефикасен напиток за нормализирање на крвниот притисок
  • Го адаптира организмот на стресни ситуации и се употребува во превенција од стрес
  • Делува на ендокрините жлезди со што се зголемува концентрацијата, се продолжува работната способност, се подобрува расположението и се намалуваат хипогликемските кризи
  • Поволно делува при појава на настинки, кашлици и грипови
  • Го подобрува метаболизмот на витамините и минералите
  • Составните компоненти на овој чај ја јакнат мозочната активност и позитивно влијаат на менталните и физичките функции
  • Кај стари и изнемоштени лица е забележано т.н антизаморно дејство односно делува освежувачки на организмот, го одстранува заморот и го подобрува памтењето
  • Го олеснува и забрзува одстранувањето на холестеролот и жолчните киселини - Помага при ревматизам, болки во коските, анемија, несоница, главоболки
  • Го регулира менструалниот циклус.
  • Спречува прогресивно уништување на забите
  • Го подобрува развојот на мускулите и го намалува недостигот на кислород, поради што е добар за спортисти
  • Добар е во борбата против ракот
  • Ја зголемува сексуалната енергија и го подмладува целиот организам

  • Цветовите од ружата содржат танини и етрични масла кои добро делуваат на дигестивниот систем, особено на желудникот и цревата. Особено благотворно дејство има кај луѓето кои се склони кон проливи, а добри се и за белодробни заболувања.
    Всушност мешавината од Зелен чај и Жен Шен на Виталиа конзумиран редовно влијае стимулативно на целокупниот метаболизам и е вистински пријател на Вашето здравје.


    Начин на подготовка: Се става една лажичка од чајот во чаша за чај и се потопува со топла вода (околу 80 Ц), стои три минути, се процедува и се пие.

    Состав:

    зелен чај-sencha special, жен-шен, роза, арома.

    Алергени:

    Може да содржи глутен, јаткасто овошје и соја.

    Нутритивна вредност100 g
    Енергија0 kcal
    Масти0 g
    Јаглехидрати0 g
    од кои шеќери0 g
    Протеини0 g
    0g

    "ШЕЌЕРИ"


    0g

    "МАСТИ"


    0g

    "ПРОТЕИНИ"


    Зелен чај

    Зелениот чај е билка особено богата со полифеноли. Најзастапени се катехините, кои се природни антиоксиданти и помагаат да се спречи оштетувањето на клетките и прерано стареење.

    Жен шен

    Жен шен е растение кој се користил во Кинеската медицина со векови. Екстрактот од жен шен и неговите соединенија можат да ја намалаат инфламацијата и да ја зголемат антиоксидантната моќ.

    Роза

    Розата содржи витамини Е, А и органски киселини кои ја подобруваат дигестијата. Има антисептички, антибактериски, анти-инфламаторни и антиоксидативни карактеристики.