Мусли со чоколадо

nutritious, childrenfriendly, chocolate, energy, delicious, eathealthy,

Ако сте љубител на чоколадото, еве начин како да го конзумитате во здрав појадок или ужина. Виталиа ви го претставува супериорениот микс на здравје и вкус. Тоа се Муслите со Чоколадо кои содржат 60% житни снегулки( овесни, пченични, јачменови), чоколадни и какао парчиња.

Кол

Share

Facebook

Ако сте љубител на чоколадото, еве начин како да го конзумитате во здрав појадок или ужина. Виталиа ви го претставува супериорениот микс на здравје и вкус. Тоа се Муслите со Чоколадо кои содржат 60% житни снегулки( овесни, пченични, јачменови), чоколадни и какао парчиња.

Чоколадата е вкусно и здраво подарено задоволство од природата, содржи магнезиум, бакар, железо и цинк. Содржи полифенол (антиоксиданс), кој го намалува ризикот од евентулани срцеви болести.

Веќе докажаниот богат вкус и здравите компоненти на чоколадата, надополнети со здравите компоненти на житните снегулки ќе креираат полната насмевка на вашето лице од вкусниот појадок или ужина.
Претставуваат лесен и брз оброк за целото семејство. Хранлив оброк за деца, спортисти и ученици. Креираат балансирана енергија и изобилуваат со диетални влакна. Употреба: Лесна и брза подготовка: 4 лажици од муслите (55г) се потопуваат во 200 мл. млеко или јогурт, и оставете ги да отстојат 10 мин.

Состав:

Житни снегулки (овесни снегулки, пченични снегулки, јачменови снегулки), чоколадни парчиња (шеќер, какао маса, какао путер, емулгатор: соја лецитин, арома), какао парчиња (шеќер, палмина маст, какао во прав, емулгатор: соја лецитин, гликозен сируп, арома), крцкав мусли (овесни снегулки, екструдиран ориз, кафеав шеќер, масло од канола, гликозен сируп, пченично брашно, какао прав, емулгатор: соја лецитин, ароми), крцкави житарки со какао.

Алергени:

Производот содржи глутен и сусам. Може да содржи траги од јаткасто овошје и соја.

Нутритивна вредност 100 g
Енергија404.5kcal/1699kJ
Масти11 g
од кои заситени6.4 g
Јаглехидрати70.5 g
од кои шеќери61.4 g
Влакна8.2 g
Протеини8.9 g
Сол0.25 g
8.9g

"ПРОТЕИНИ"


8.2g

"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"


11g

"МАСТИ"


Овесни снегулки

Овесни снегулки се нутритивни, разновидни компоненти на овесни каши и мусли. Тие содржат протеини, растителни влакна, витамини и други нутритиенти кои промовираат добра дигестија и оптимално здравје.

Екструдиран ориз

Екструзијата ја дава опцијата за реформулација на оризово брашно во производ кој може да се обликува. Во овој процес, можат да се додадат потенцијално функционални состојки во оризовото тело.

Пченични снегулки

Здрави и вкусни, овие снегулки од целозрнеста пченица обезбедуваа 26% од дневниот внес на растителни влакна. Природните влакна од пченицата докажано е дека промовираат регуларност на дигестивниот тракт.

Парчиња чоколадо

Парчињата чоколадо се формирани од чоколадото кое потекнува од печени и мелени какао семиња. Богати се со полифеноли, кој го зголемуваат допаминот и ендорфините.

Чоколадо

Чоколадото е десерт направен од какао зрна. Богат е со минерали, масти и јаглехидрати. Посебно е корисен бидејќи содржи полифеноли и ендорфини, кои го подобруваат расположението и го накачуваат серотонинот.

Кафеав шеќер

Кафеавиот шеќер е сахароза со специфична кафеава боја која се должи на присуството на меласа. Споредено со бел шеќер содржи минерали како калиум, железо, магнезиум и калциум.

Какао

Какаото содржи неколку минерали, вклучувајќи калциум, бакар, магнезиум, фосфор, калиум, натриум и цинк. Сите овие минерали се наоѓаат во поголеми количини и носат специфични нутритивни бенефиции.