Кранчи мусли со Тропско овошје

cerials, banana, crunchy, papaya, mango, driedberries, pineapple,

Мусли микс од тропски овошки и житарици. Збогатена мешавина со калциум и магнезиум која нуди изобилство на здравствени бенефиции.

Кол

Share

Facebook

Виталиа крцкавите мусли претставуваат добро избалансирана здрава храна со извонреден вкус и арома. Произведени според оригинален рецепт од најквалитетно овошје и житни снегулки.

Го снабдуваат организмот со неопходните јаглехидрати и даваат енергија за активен ден. Ви го препорачуваме како здрав и вкусен оброк во текот на целиот ден.

  • Ниска количина на шеќери
  • Природен извор на растителни влакна
  • Вкусна комбинација на тропски овошки
Употреба: 4 супени лажици (55 гр.) кранчи мусли се потопуваат со 100 мл. млеко или јогурт. Да се чува на ладно и суво место, добро затворено во оригиналното пакување.

* НАМАЛУВАЊЕ НА ШЕЌЕРОТ ВО ВИТАЛИА CRUNCHY MUESLI
Тврдењето „30% помалку шеќер“ се однесува на содржината на шеќер во Виталиа Crunchy Muesli наспроти просекот на другите крцкави мусли присутни на пазарот. Процентот на намалување на шеќерот е поголем во однос на претходниот рецепт за Виталиа Crunchy Muesli. За поддршка на овој нов рецепт, анализирани се податоците за продажба на пазарот со цел да се идентификуваат производите во категоријата Crunchy Muesli. Просечната содржина на шеќер на 100g е добиена со проверка на декларациите на пакувањето, веб-страниците на производителите и малопродажните објекти.

Состав:

Житни снегулки (овесни, пченични, ржани, пченкарни и јачменови снегулки), растително масло (канола), екструдиран ориз, кафеав шеќер , гликозен сируп, пченично брашно, тропско овошје (ананас, манго, папаја, банана чипс (банана, мед, шеќер, кокосово масло, арома)), суво грозје , емулгатор: соја лецитин, арома.

Алергени:

производот содржи глутен и соја. Може да содржи траги од јаткасто овошје и сусам .

Нутритивна вредност100 g55g+100ml млеко 3.2% (по порција)%RDA 100g%RDA (по порција)
Енергија1753kJ/417.3cal1224kJ/291kcal2114.6
Масти14.1g11g20.115.7
од кои заситени0.84g0.5g4.22.5
Јаглехидрати60.8g38.4g23.414.8
од кои шеќери19.5g11g2212.2
Влакна6.6g3.7g26.414.8
Протеини7.5g7.1g1514.2
Сол0.3g0.2g53.3
Магнезиум56.3mg44.6mg1512
Калциум120mg172mg1521
6.6g

"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"


7.5g

"ПРОТЕИНИ"


0.8g

"ЗАСИТЕНИ МАСТИ"


Овесни снегулки

Овесни снегулки се нутритивни, разновидни компоненти на овесни каши и мусли. Тие содржат протеини, растителни влакна, витамини и други нутритиенти кои промовираат добра дигестија и оптимално здравје.

Ананас

Ананасот е високонутритивно тропско овошје, особено со витамин Ц и манган. Тој содржи бромелаин, мешавина од протеолитички ензими, која има посебна корист за здравјето на луѓето.

Јачменови снегулки

Јачменовите снегулки се екструдирани од јачмен, кој е житарица богата со есенцијални нутритиенти како протеин, растителни влакна и микронутритиенти. Претставуваат одличен додаток во мусли нудејќи дополнителна енергија и вкус.

Банана

Бананите (без кора) се 75% вода, 23% јаглени хидрати, 1% протеин. 100 грама содржат 89 калории, 31% од препорачаните вредности на витамин Б6 и умерени количества на витамин Ц, манган, калиум и диетални влакна.

Суво грозје

Сувото грозје е сушено грозје богато со фруктоза и глукоза. Содржи антиоксиданти и танини, со ниско ниво на натриум и без холестерол.

Манго

Мангото е тропско овошје богато со фитонутритиенти-каротеноиди, полифеноли и ксантоиди. Овие соединенија се корисни за функцијата на очите, нега на кожата и регулација на крвниот притисок.

Папаја

Папаја е егзотично овошје посебно богато со витамин Ц, фолна киселина и витамин А. Пулпата содржи различни фитохемикалии, вклучувајќи каротеноиди и полифеноли.