Кранчи мусли со темно чоколадо и чиа се супер вкусна и здрава комбинација од кркави житарици, семе од чиа, темно чоколадо, зебра стапчиња и чоколаден корнфлекс , засладени со кафеав шеќер за исклучително и единствено уживање. Произведени по оригинален рецепт од најквалитетните состојки претставуваат добро избалансирана здрава храна со извонреден нутритивен профил кој е резултат на семето од чиа.
Чиата е најбогатиот природен растителен извор на Омега-3 масни киселини (дури 30%), Омега-6 масни киселини (10%), протеини, моќни антиоксиданти и есенцијални минерали.
Внесувајќи ја чиата во секојдневната исхрана ќе почувствувате зголемено ниво на енергија, подобрена работна способност и концентрација. Кранчи муслите со темно чоколадо и чиа содржат високиот процент на диетални влакна кои позитивно влијаат на дигестија на храната, забрзување на метаболизмот и одржување здрава телесна тежина.
Виталиа кранчи муслите се природен извор на нутритивни материи неопходни за активен ден. Ви ги препорачуваме како здрав и вкусен појадок.
* НАМАЛУВАЊЕ НА ШЕЌЕРОТ ВО ВИТАЛИА CRUNCHY MUESLI
Тврдењето „30% помалку шеќер“ се однесува на содржината на шеќер во Виталиа Crunchy Muesli наспроти просекот на другите крцкави мусли присутни на пазарот. Процентот на намалување на шеќерот е поголем во однос на претходниот рецепт за Виталиа Crunchy Muesli.
За поддршка на овој нов рецепт, анализирани се податоците за продажба на пазарот со цел да се идентификуваат производите во категоријата Crunchy Muesli.
Просечната содржина на шеќер на 100g е добиена со проверка на декларациите на пакувањето, веб-страниците на производителите и малопродажните објекти.
Кранчи мусли со темно чоколадо и чиа
tasty, chocolate, mineralrich, iron, vitaminB1, chia, oats,Кранчи мусли со темно чоколадо и чиа се супер вкусна и здрава комбинација од кркави житарици, семе од чиа, темно чоколадо, зебра стапчиња и чоколаден корнфлекс , засладени со кафеав шеќер за исклучително и единствено уживање.
Состав:
Овесни снегулки , кафеав шеќер , растително масло (канола), екструдиран ориз, гликозен сируп, пченично брашно, чоколаден корнфлекс (пченкарен гриз, шеќер, какао во прав, јачменов слад, сончогледово масло, гликозен сируп, млеко во прав, малтодекстрин, сол, емулгатор:соја лецитин, арома), олигофруктозен сируп, двобојни чоколадни стапчиња 4% (шеќер, какао путер, полномасно млеко во прав, какао маса, сурутка во прав, емулгатори: сончогледов лецитин), семе од чиа (семе од растението Шпанска жалфија – Salvia hispanica) , пченкарен скоб, какао во прав, емулгатор: сончогледов лецитин, ароми, боја: карамел. Чоколадото содржи мин. 28% какао делови.
Алергени:
Производот содржи млеко, глутен и соја. Може да содржи траги од јаткасто овошје, кикирики и сусам
| Нутритивна вредност | 100 g |
|---|---|
| Енергија | 1805.6kJ/ 429.9kcal |
| Масти | 15.5g |
| од кои заситени | 2.5g |
| мононезаситени | 1.5g |
| Јаглехидрати | 62.8g |
| од кои шеќери | 19.6g |
| Влакна | 6.4g |
| Протеини | 6.6g |
| Сол | 0.3g |
| Витамин Б1 | 0.19mg(17%) |
| Железо | 2.2mg(16%) |
| Фосфор | 161mg(23%) |
"ЗАСИТЕНИ МАСТИ"
"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"
"ПРОТЕИНИ"
Овесни снегулки
Овесни снегулки се нутритивни, разновидни компоненти на овесни каши и мусли. Тие содржат протеини, растителни влакна, витамини и други нутритиенти кои промовираат добра дигестија и оптимално здравје.
Екструдиран ориз
Екструзијата ја дава опцијата за реформулација на оризово брашно во производ кој може да се обликува. Во овој процес, можат да се додадат потенцијално функционални состојки во оризовото тело.
Малтекс
Малтексот е природен производ добиен од екстракција на целозрнест јачмен. Со текстурата е сличен на мед, со темно кафеава боја и специфичен вкус. содржи јаглехидрати, протеини, витамини и минерали.
Чиа семе
Чиа семето е античка суперхрана богата со омега-3 масни киселини, Б витамини и минерали. Тие се екстремно корисни за менаџмент на тежината и метаболизмот на мастите.
Чоколадо
Чоколадото е десерт направен од какао зрна. Богат е со минерали, масти и јаглехидрати. Посебно е корисен бидејќи содржи полифеноли и ендорфини, кои го подобруваат расположението и го накачуваат серотонинот.
