Виталиа ливадскиот мед потекнува од недопрените ливадски предели во Крушево, Македонија. Има извонреден вкус и арома. Ливадскиот мед може да се најде во повеќе бои: од светло жолта до темна, речиси кафеава. Колку што е медот потемен, посилни му се лековитите својства. Има арома на полско цвеќе и се користи при лекување различни болести зашто има профилактички, хранливи и лековити својства. Поради богатството и складниот сооднос на витамини, минерали и ензими што ги содржи медот, со неговата секојдневна употреба го зајакнувате срцето, имунолошкиот систем и крвотокот. Kако дејствува на организмот? Медот на Виталиа дејствува антибактериски, го олеснува исфрлувањето на секретот од белите дробови, ги обновува оштетените клетки на организмот, ја намалува болката и го нормализира крвниот притисок. Медот содржи супстанции што го подобруваат варењето на храната и го спречуваат и лекуваат запекот (тврда столица). Тој, исто така, го зголемува хемоглобинот, ја зголемува апсорпцијата на калциумот од храната, ги ублажува тегобите во менопаузата и го забрзува закрепнувањето на организмот. Медот и другите пчелини производи треба да се задржуваат подолго во устата, зашто одтаму, преку јазичните жлезди, брзо навлегуваат во крвта и се шират во целиот организам. Ефектот ќе биде сличен и ако го растворите медот во лимонада, чаша вода или во шоља чај. Начин на употреба: дневната доза за возрасен човек е максимум 100гр. мед распореден во три дела, а за децата тоа количество изнесува 30гр. (една супена или три кафени лажички ) дневно распоредени на три дела. Претераното консумирање мед може да предизвика алергија.
Ливадски мед
healthy, natural, honey, vitaminrich, floweraroma,Виталиа ливадскиот мед потекнува од недопрените ливадски предели на Крушево, Македонија. Има извонреден вкус и арома. Ливадскиот мед може да се најде во повеќе бои: од светло жолта до темна, речиси кафеава.
Состав:
мед
Алергени:
Не содржи алергени.
| Нутритивна вредност | 100g |
|---|---|
| Енергија | 322 / 1348 kcal / Kj |
| Масти | 0 g |
| Јаглехидрати | 80.2 g |
| од кои шеќери | 80 g |
| Влакна | 0 g |
| Протеини | 0.3 g |
| Сол | 0 g |
"МАСТИ"
"ПРОТЕИНИ"
"СОЛ"
Мед
Медот ја добива својата сладост од моносахаридите фруктоза и глукоза. Колку потемна боја има, толку повеќе полифеноли содржи. Исто така е богат со Б витамини, железо и цинк.
