Крекери Без Глутен со кромид и чили

healthy, diet, snack, vegan, fibers, glutenfreecereals,

Уникатни крекери со крцкава структура. Комбинацијата од киноа, ленено семе, сусам, интегрален ориз и оризови снегулки претставуваат здав и исклучително вкусен оброк.

Кол

Share

Facebook

Уникатни крекери со крцкава структура. Комбинацијата од киноа, ленено семе, сусам, интегрален ориз и оризови снегулки претставуваат здав и исклучително вкусен оброк.

Доволен е еден залак за да се осети богатиот мирис- вкус на чили и кромид. Знаејќи дека грицките се омилена храна кај сите нас, ги направивме овие крекери за секојдневни задоволства и дружби.

Претставуваат баланс составен од диетални влакна, здрави масти и растителни протеини кои се грижат за регулација и стимулација на сите основни процеси во човековото тело.

Сега со нова, подобрена рецептура со протеин од грашок!
Здравствени бенефити на протеин од грашок:

  • Извор на лизин - аминокиселина која е есенцијална за структурата на сврзното ткиво (кожа,коски, лигаменти). Дополнително помага во апсорпцијата на калциум.
  • Природно без глутенски, хипоалерген.
  • 94% дигестибилност, лесен за стомакот
  • Богат со железо - помага во производството на крвни зрнца, намалува ризик од анемија
  • Има низок гликемичен индекс - погоден за дијабетичари
  • Содржи магнезиум - помага во регенерација на ткивата, регулација на крвниот притисок, подобрува функцијата на мозокот..
 

Состав:

киноа снегулки, пченкарно брашно, растително масло (канола), ленено семе, интегрален сусам, малтодекстрин, мед, соја снегулки, растителни влакна, компиров скроб, хималајска сол, сушен кромид, зачин чили.

Алергени:

Содржи соја и сусам. Може да содржи траги од јаткасто овошје.

Нутритивна вредност100g
Енергија1738kJ /415kcal
Масти15.8 g
од кои заситени 5.8 g
Јаглехидрати54.5 g
од кои шеќери 3.8 g
Влакна6.2 g
Протеини11 g
Сол1.9 g
Глутен<20mg/kg
3.8g

"ШЕЌЕРИ"


6.2g

"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"


11g

"ПРОТЕИНИ"


Киноа снегулки

Секое зрно киноа се пресира за да се формираат снегулки. Тоа значи дека снегулките ги имаат истите високонутритивни карактеристики на киноата: без глутен, есенцијални аминокиселини и полни со растителни влакна.

Ленено семе

Лененото семе содржи високо ниво на протеин, растителни влакна, неколку Б витамини и минерали. Претставува одличен додаток во салата, мусли и барови нудејќи омега-3 масни киселини.

Сусам

Сусамот додава јаткаст вкус и деликатна, скоро невидлива крцкавост на многу производи. Тоа е исто така главна состојка во таанот. Одличен извор на бакар, манган и цинк.

Чили

Чили пиперката е широко користена во светските кујни како лут зачин. Таа е богат извор на витамин Ц, Б6 и бета-каротен. Освен други бенефити, овие нутриенти се корисни за одржување на здравјето на очите.

Кромид

Кромидот е нутритивен зеленчук, содржи витамини Ц, Б6, фолна киселина и тиамин како и минералите : манган, фосфор, калиум и цинк. Корисен е против респираторни нарушувања.