Ви падна нивото на енергија? Надополнете ја со само еден залак! Нашите нови барови од јаткасти плодови и овошје нудат 100% енергија и вредни нутриенти – комплексни јаглехидрати, растителни влакна, магнезиум, омега-3 масни киселини и комплетен протеин.
Барот со бразилски орев и суво грозје е вкусно и едноставно задоволство: егзотичен бразилски орев,крцкави бадеми и суво грозје кое додава мека текстура и природна сладост.
Бразилскиот орев е најдобриот извор на селен од било која друга храна на планетата. Поради високата концентрација, редовниот внес на бразилски орев го зајакнува имунитетот, помага во заштитата на клеточната оксидација и го намалува ризикот за болести поврзани со процесот на стареење.
Сувото грозје е богато со бакар и е одличен извор на растителни влакна. Тоа е исто така богато со калиум, кој го одржува нормалниот крвен притисок. Освен тоа, сувото грозје е храна со низок до умерен гликемиски индекс (индикација за нивното влијание врз нивото на шеќер во крвта), што може да помогне во превенција на дијабетес тип 2.
Кикириките се богати со витамин Б3, Б6 и магнезиум и кои како дел од вашата исхрана придонесуваат за намалување на уморот и заморот. Тие се исто така богати со мононезаситени масти, влакна, витамин Е, фосфор, калиум, бакар, манган и се извор на протеини, цинк и селен. Кикириките содржат и биоактивни хранливи материи корисни за васкуларната функција. Редовниот внес на кикирики има потенцијал да ја оптимизира циркулаторната функција во мозокот и да ја подобри когнитивната функција, според научните истражувања.
Консумирајте ги нашите NUT BARS секогаш кога ви треба енергетско надополнување. Пред тренинг, помагаат за подготовка на организмот. За време на долготрајно вежбање, ја рекуперираат енергијата. On-the-go, за време на работа, или прошетка во природа...
Бар со бразилски орев и суво грозје
purenuts, energyboost, healthyliving, 100%energy, brazilnut, sultana,Барот со бразилски орев и суво грозје е вкусно и едноставно задоволство: егзотичниот, бразилски орев и крцкави бадеми и суво грозје кое додава мека текстура и природна сладост. Со кикирики, за екстра внес на протеин.
Состав:
суво грозје 24%, кикирики, гликозен сируп, екструдиран ориз (оризово брашно, пченично брашно, пченичен слад, шеќер, пченичен глутен, декстроза, сол), бадем, бразилски орев 9%, кајсија сушена, мед, омекнувач: глицерол.
Алергени:
Производот содржи глутен, кикирики и јаткасто овошје. Може да содржи траги од останато јаткасто овошје, соја, млеко и сусам.
| Нутритивна вредност | 100 g/r |
|---|---|
| Енергија | 1640 КЈ/392 kcal |
| Масти | 10 g |
| од кои заситени | 1.9 g |
| Јаглехидрати | 59.7 g |
| од кои шеќери | 27.7 g |
| Влакна | 11.8 g |
| Протеини | 10 g |
| Сол | 0.3 g |
"ПРОТЕИНИ"
"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"
"ЗАСИТЕНИ МАСТИ"
Екструдиран ориз
Екструзијата ја дава опцијата за реформулација на оризово брашно во производ кој може да се обликува. Во овој процес, можат да се додадат потенцијално функционални состојки во оризовото тело.
Кајсија
Уживајте во сладоста на летото со вкусна сува кајсија. Ова овошје е богато во растителни влакна, антиоксидантни и калиум и може да се искористи како здрава ужинка или додаток во појадокот.
Суво грозје
Сувото грозје е сушено грозје богато со фруктоза и глукоза. Содржи антиоксиданти и танини, со ниско ниво на натриум и без холестерол.
Бадеми
Бадемот е нутритивно богата јатка и е одличен извор на Б витаминхи, Е и минералите калциум, бакар, железо и цинк. Содржи омега -3 масни киселини кои помагаат во регулација на холестеролот.
Кикирики
Кикириките се богати со есенцијални нутритиенти: Б витамини, Е витамин, манган, магнезиум, фосфор и растителни влакна. Тие исто така содржат 25г протеин на 100г, што е повисока количина од многу јатки.
Мед
Медот ја добива својата сладост од моносахаридите фруктоза и глукоза. Колку потемна боја има, толку повеќе полифеноли содржи. Исто така е богат со Б витамини, железо и цинк.
Бразилски орев
Бразилските ореви се богати со влакна, витамин Е, тиамин и минерали како што се селен, калиум, цинк, магнезиум, фосфор, бакар и манган. Бразилските ореви се исто така извор на калциум и железо.
