Силен и функционален имунолошки систем е камен-темелник на добро здравје, основа за успешна борба против болестите и инфекциите. За одржување на имунитетот потребна е разновидна храна што обезбедува природно изобилство на витамини, минерали и фитонутриенти – состојки кои делуваат заедно во одржување висок имунитет и отпорност на организмот. Затоа, изберете Имуно пакет Strength и уживајте во енергијата и нутритивното богатство, истовремено одржувајќи здрав и силен организам.
Комбуха е ферментиран напиток кој делува како функционален пробиотик, обезбедувајќи здравствени придобивки надвор од традиционалната исхрана. Консумацијата на комбуха овозможува нормална макробиота која директно влијае на имуниот одговор при напад од вируси и настинки.
Препорачана употреба: 100ml, 2-3 пати на ден.
Гроздовиот слад – маџун содржи висок процент на Б витамини и Ц, минералите цинк, калиум, натриум, калциум, фосфор и железо, како и танини и антиоксиданти. Токму поради тоа, маџунот претставува вистинска ризница на хранливи состојки, и неговата секојдневна употреба ќе ви помогне да го подобрите вашето здравје. Функционалноста на состојките помага при инфекции на респираторниот систем, како и зајакнување на имуниот систем, особено во периоди кога сме најизложени на вируси и настинки.
Додадете 1-2 лажици маџун во вашите здрави напитоци, десерти или консумирајте самостојно.
Raw bar со морков и цитрусно овошје е фантастичен спој за брзо будење на сите ваши сетила. Минимална термичка обработка и 100% природни состојки!
Цитрусното овошје е одличен извор на витамин Ц, нутритиент кој го зајакнува имуниот систем истовремено одржувајќи ја кожата еластична и сјајна.Дополнително содржи витамини и минерали како Б витамини, калиум, фосфор, магнезиум и бакар кој учествуваат во метаболитичките функции и ги подобруваат истите.
Цветен прав-полен е 100% природен извор на био енергија за регенерирање и ревитализација на организмот. Тој е балансиран додаток богат со хранливи материи и има идеална комбинација на витамини (А, Б, Ц, Е, Д), 27 минерали (меѓу кои се калиум, калциум, манган, железо), протеини со сите аминокиселини и ензими, кои го стимулираат имуниот систем и заштитата на организмот.
Препорачана употреба: Може да се раствори во мед, овошен сок или млеко и да се консумира наутро пред појадок или навечер пред спиење. Препорачаната дневна доза е 1-2 лажици за возрасни, 1-2 лажички за адолесценти и ½ - 1 лажичка за деца
Имуно пакет – Strength
immunity, healthy living, maintenance, vitaliahealthyfood, fightingtheinvisiblefight,Силен и функционален имунолошки систем е камен-темелник на добро здравје, основа за успешна борба против болестите и инфекциите. За одржување на имунитетот потребна е разновидна храна што обезбедува природно изобилство на витамини, минерали и фитонутриенти – состојки кои делуваат заедно во одржување висок имунитет и отпорност на организмот.
