Зелен чај со лимон и ѓумбир

healthylifestyle, refreshing, hydrating, sipofenergy,

Чаша топол чај еднаш дневно представува добар чекор напред, а две чаши се вистинска корист по Вашето здравје. Но што да одберете? Зелен чај со лимон и ѓумбир од палетата на Виталиа е одлична билна мешавина богата со витамини (Ц, А, Б, Е), минерали (калиум, магнезиум) и активни состојки кои ќе Ве освежат но и ќе го зајакнат Вашиот имунолошки систем.

Кол

Share

Facebook

Зелениот чај содржи витамин Ц, катехини и полифеноли кои имаат позитивно дејство на целиот организам. Содржи силни антиоксиданси кои ги спречуваат негативните ефекти на слободните радикали, причинители на многу болести. Катехините од зелениот чај растворени во вода го спречуваат растот и развојот на туморалните клетки и со самото тоа заштитуваат од појава на рак. Листовите и кората од лимон присутни во чајот го потикнуваат потењето и излачувањето на штетни метаболити создадени во телото како последица на вирусните инфекции. Лимонот ја смирува кашлицата и забрзаното срцебиење.

Коренот од ѓумбир во чајот:

  • Ја подобрува циркулацијата на крвта дествувајќи како вазодилататор
  • Има антикогултивно дејство поради што е добар против тромбоза
  • Делува поволно на системот за варење, бидејќи ја стимулира продукцијата на желудочните сокови
  • Ги релаксира дигестивните мускули
  • Ги апсорбира и неутрализира отровите во желудникот, со што помага при грчеви и лошо варење
  • На системот за дишење делува како антисептик и антиспазмолитик, со што помага во случај на воспаление на дишните патишта, астма, воспаление на синусите и крајниците
  • Ефикасен е при лечење на настинки и грип
  • Делува противвоспалително на урогениталниот систем
  • Делува освежувачки
Ако сакате да имате јак имунолошки систем, да имате добра циркулација и бистра глава, пробајте ја оваа комбинација од лековити билки.

Начин на подготовка: Во една чаша врела вода загреана на 80 степени се додава 1 кафена лажичка зелен чај со лимон и ѓумбир, се остава да стои 5 минути, потоа се процедува и пие.
Поради богатата содржина на хранливи состојки, истата чајна мешавина може да ја употребите два пати. Доколку сакате да го засладите чајот, најдобро е да користите нешто здраво. Ви препорачуваме кафеав нерафиниран шеќер, мед, малтекс или гроздов слад - маџун кои во себе обилуваат со минерали и витамини. Уживајте во зелениот чај со лимон и ѓумбир барем три пати во денот. На тој начин ќе ја почувствувате природната моќ на лековитите билки.

Ingredients:

зелен чај, лимонова трева, ѓумбир, арома

Алергени:

Може да содржи траги од глутен, јаткасто овошје и соја.

Нутритивна вредност100g
Енергија0 kcal
Масти0 g
Јаглехидрати0 g
од кои шеќери0 g
Протеини0 g
)g

"ШЕЌЕРИ"


0g

"МАСТИ"


0g

"ПРОТЕИНИ"


Зелен чај

Зелениот чај е билка особено богата со полифеноли. Најзастапени се катехините, кои се природни антиоксиданти и помагаат да се спречи оштетувањето на клетките и прерано стареење.

Ѓумбир

Ѓумбирот е корен кој се користи како зачин. Содржи умерени количини на витамин Б6 и магнезиум и манган. Познат е по стимулација на метаболизмот и мнозинство здравствени бенефити.

Лимонова трева

Лимоновата трева широко се користи како лековита билка во Индија. Таа има суптилен вкус од агруми и може да се исуши и да се употреби во прав или да се употребува свежа. Овозможува добар сон, ја ублажува болката и го зголемува имунитетот.