RiceVita Ванила - оризовото млеко во прав со природен вкус и арома на ванила со одлично избалансиран нутритивен профил. Напитокот подготвен од RiceVita има блага арома и вкус кој потсетува на традиционалниот сутлијаш. Оризовото млеко обилува со бавно согорувачки шеќери, есенцијални аминокиселини, витамини и минерали.
Предноста на оризовото млеко RiceVita е неговиот нутритивен состав. За разлика од кравјото млеко, не содржи холестерол и заситени масти, не содржи лактоза. Токму затоа се препорачува за лица кои имаат проблем со лактозна интолеранција, за вегетаријанци кои не консумираат производи од животинско потекло, за лица кои практикуваат нискокалорични диети.
RiceVita е вкусен и здрав напиток за секој член од вашето семејство. Децата го сакаат поради лесно прифатливиот оризов вкус, а возрасните поради богатата содржина на хранливи состојки. Оризовите протеини се високо нутритивни, со одличен амино киселински профил. Токму затоа оризовото млеко се препорачува за лица кои страдаат од целиакија. Оброците подготвени од оризово млеко се најдобар избор посебно во случај на диареја (пролив).
RiceVita – оризово млеко (замена за кравјото млеко) е прехрамбен напиток со пријатен вкус кој спаѓа во групата на природни растителни производи. Не содржи лактоза, холестерол.
Оризовиот напиток е погоден за лица со лактозна интолеранција, лица кои имаат тешкотии со варењето или лица со високо ниво на холестерол.
Оризовото млеко се препорачува за сите оние кои сакаат да го подобрат квалитетот на својата исхрана. Има пријатен вкус и високата хранлива вредност.
Оризовото млеко е одлична замена за кравјото млеко. Со него, на брз и лесен начин, можете да подготвите милкшеик, фрапе, нескафе, коктел, житни оброци и мусли, пудинзи, супи, сосови, тестенини. Не се згруднува и брзо се раствора.
Може да го конзумираат и дијабетичари во рамките на пропишаната диета. Не се препорачува како замена за кравјо млеко кај деца до три годишна возраст.
RiceVita оризово млеко со Ванила
tasty, healthy, nutritious, natural, childrenfriendly, plantbasedprotein, lactosefree,RiceVita Ванила – оризовото млеко во прав со природен вкус и арома на ванила со одлично избалансиран нутритивен профил. Напитокот подготвен од RiceVita има блага арома и вкус кој потсетува на традиционалниот сутлијаш. Оризовото млеко обилува со бавно согорувачки шеќери, есенцијални аминокиселини, витамини и минерали.
Состав:
пченкарен сируп, (делумно хидрогенизирано соино масло, соин протеин, фруктоза, оризово брашно, засладувач: малтитол, регулатор на киселост: калиум фосфат Е340, емулгатор: Е471, натриум казеинат, средство против згрутчување: силициум оксид, сол, стабилизатор: карагенан, арома
боја: каротен
Алергени:
cСодржи соја и казеинат. Може да содржи траги од јаткасто овошје, глутен и сусам.
| Нутритивна вредност | 100g |
|---|---|
| Енергија | 1950 kJ/466 kcal |
| Масти | 17 g |
| од кои заситени | 3 g |
| Јаглехидрати | 76 g |
| од кои шеќери | 20.6 g |
| Влакна | 0.3 g |
| Протеини | 2 g |
| Сол | 0.58 g |
"ПРОТЕИНИ"
"ШЕЌЕРИ"
"ЗАСИТЕНИ МАСТИ"
Ванила
Ванилата е втор најскап зачин во светот по шафранот. Ванилата е високо ценета поради својот вкус, мирис и одличен додадок во секој производ.
Ориз
Оризот е главна намирница за исхрана за поголемиот дел од светската популација. Содржи нутритиенти како што се Б витамините, железо и манган кои се бенефицијални за одржување на холестеролот.
